ХИВ, чуми, сиромаштија: 25-те држави со најнизок просечен животен век

14. Бурунди: 48,81

Една од најгусто населените држави во светот има поминато низ многу. Етничкото чистење, двете граѓански војници и геноцидите од 1970-тите и 1990-тите ја оставија државата неразвиена и екстремно сиромашна. Населението често се справува со слабата инфраструктура, недостатокот од медицинска нега и образование, па дури и глад.

15. Мозамбик: 48,57

Граѓанската војна во Мозамбик навистина го закочи здравствениот систем во државата. Со само 3 лекари на 100.000 луѓе, навистина е тешко да се добие и основна медицинска нега. Како резултат, висока е стапката на смртност кај децата и родилките.

25-te-drzhavi-so-najnizok-prosechen-zhivoten-vek-04.jpg

16. Чад: 48,52

Постојано опустошена од насилство, Чад е една од најсиромашните и најкорумпираните држави во светот. Градовите се соочуваат со сериозни тешкотии – само 48% од урбаното население има пристап до питка вода. Луѓето кои живеат во руралните средини се соочуваат со уште поголеми проблеми бидејќи често им недостасува храна и основни секојдневни продукти.

17. Демократска Република Конго: 47,42

Втората најголема држава во Африка е богата со природни ресурси. Но политичката нестабилност, недостатокот од инфраструктура и експлоатацијата ја направиле државата навистина сиромашна. Болестите како маларија и жолта треска ја ставија државата на второ место според стапката на детскиот морталитет.

18. Свазиленд: 47,36

Во Свазиленд, мала држава во Јужна Африка, ХИВ/СИДА и туберкулозата се најголемата причина за нискиот просечен животен век. Всушност, Свазиленд ја има највисоката стапка на инфицирани со ХИВ во светот и околу 26% од возрасните се инфицирани. Туберкулозата не е толку проширена, но сепак претставува голем проблем.

19. Авганистан: 47,32

Единствената неафриканска држава на листава е позната како најопустошен реон од војни. Поради конфликтите, здравствениот систем е речиси целосно уништен. Покрај тоа, на околу 80.000 луѓе им недостасуваат екстремитети, повеќето од кои биле повредени од нагазни мини.

20. Замбија: 46,93

Некогаш просперитетна држава, Замбија се соочила со сиромаштија откако се намалиле интернационалните цени на бакарот во 1970-тите. Оттогаш, државата се обидува да се справи со многу предизвици, вклучувајќи епидемија со СИДА, недостаток од здравствени установи, недостаток од вода и слично. Покрај тоа, речиси 70% од населението живее под границата на сиромаштија, а за овие луѓе медицинската нега речиси никогаш не е достапна.

25-te-drzhavi-so-najnizok-prosechen-zhivoten-vek-05.jpg

21. Гвинеја-Бисао: 46,76

Лоцирана во Западна Африка, Гвинеја-Бисао има проблеми во речиси сите области на здравството. Во државата има помалку од 5 лекари на 100.000 луѓе, 9% од населението е инфицирано од маларија, а истовремено се зголемува бројот на заболени од колера. Стапката на морталитет на родилките и децата станува алармантна, а речиси половина од локалните жени биле подложени на генитална кастрација.

22. Зимбабве: 46,59

Зимбабве е богата со природни ресурси, но насилната домашна полиса и граѓанските немири го спречиле секој голем напредок. Здравствениот систем на државата се сруши, оставајќи ја Зимбабве без пристап до медицинска нега. Како резултат, населението страда од чуми, пандемии со ХИВ, колера и други болести.

23. Сиера Леоне: 46,26

Малата држава во Западна Африка го чувствува влијанието од Граѓанската војна во која настрадаа над 50.000 луѓе. Покрај тоа, поголемиот дел од инфраструктурата е уништен и над 2 милиони луѓе биле преместени. Неодамна, во 2014-та година, појавата на ебола дополнително го ослаби здравството.

24. Лесото: 46,02

Лесото е мала африканска држава со околу 2 милиони жители. Овде, еден од најголемите проблеми е епидемијата со СИДА. Во урбаните места, околу 50% од жените под 40 години се инфицирани со вирусот. Сепак, ситуацијата постепено се подобрува. Во 2006-та година, просечниот животен век во Лесото беше 42, а денес е над 46 години.

25. Централна Африканска Република: 45,91

Една од најсиромашните држави во светот е претпоследна кога станува збор за човечкиот развој – се наоѓа на 187-мото место од 188 држави. Населението постојано се справува со болести како сипаници, маларија, СИДА, но и женска кастрација, па просечниот животен век е најнизок овде.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg