Оптички илузии што вистински ги збунија луѓето низ целиот свет

Ретко кога оптичките илузии нè оставаат рамнодушни. Веројатно се сеќавате кога никој не можеше да погоди дали фустанот е син или бел, или кога никој не знаеше дали на аудио снимката се слуша Yanni или Laurel...

optichki-iluzii-shto-vistinski-gi-zbunija-internet-korisnicite-01.jpg

Покрај овие, на интернет се имаат појавено и бројни други илузии што и до денес не ни се целосно јасни, а во продолжение погледнете некои од најчудните:

Фотографијата што изгледa како да е во боја

Оваа фотографија вистински ги раздвижи мозоците на интернет корисниците. Фотографијата изгледа како да е во боја, кога всушност е црно-бела.

Авторот го постигнал ефектот со тоа што додал мрежа од шарени линии на силуетите на луѓето.

optichki-iluzii-shto-vistinski-gi-zbunija-internet-korisnicite-02.jpg

Фотографија што изгледа црно-бело

Оваа фотографија ја објави Холи Меки на нејзиниот Twitter профил. Таа ги фотографирала закачалките со детска облека во еден трговски центар.

На почеток изгледа како фотографијата да е црно-бела, но Холи докажа дека ова не е вистина објавувајќи и видео од местото.

optichki-iluzii-shto-vistinski-gi-zbunija-internet-korisnicite-03.jpg

Мачка што гледа во вас

На ова видео се гледа објава за исчезната мачка. Интересното е што изгледа како мачката да ја врти главата кон личноста што ја чита објавата.

Причината за оваа илузија е нерамната површина на којашто е залепен плакатот. Поради ова фотографијата изгледа различно во зависност од тоа од каде ја гледате.

Хеликоптер што полетува без вртење на перките

На ова видео изгледа како хеликоптерот да полетува без воопшто да ги мрдне своите перки. Но причината за ова е тоа што брзината на ротација на перките е иста со бројот на слики во секунда на камерата.

Уште 3 оптички илузии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg