Слушате Yanny или Laurel? Аудио снимката која предизвика онлајн дебати

Онлајн загатките не застануваат само на фустаните, патиките и штиклите со различна боја. Најновата загатка која предизвика многубројни дебати е во аудио формат.

slusate-yanny-ili-laurel-audio-snimkata-koja-predizvika-online-debati-01.jpg

Иако зборот кој се кажува на снимката е еден, некои слушаат два сосема различни зборови - „Yanny“ и „Laurel“.

Што слушате вие?

Некои одат толку далеку, што тврдат дека ги слушаат и двете зборчиња во исто време.

slusate-yanny-ili-laurel-audio-snimkata-koja-predizvika-online-debati-02.jpg

Објаснувањата на експертите пак одат од крајност во крајност.

Едни тврдат дека она што го слушате зависи од тоа дали аудиото е пуштено на звучници или звукот доаѓа преку слушалки, па така концентрацијата и гласноста на звукот може да влијаат на она што го слушате.

Други пак велат, дека буквите се слични по звучност, па затоа лесно „Ya“ може да се интерпретира и како „La“.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Географски квиз: Погодете ги знамињата на азиските земји Сигурно знаете како изгледа знамето на Кина или Турција. Но, дали знаете како из...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „Н“ Кој збор беше синоним за буквата „Н“ во „Бушава азбука“? А како се вика популарн...
Квиз за луѓе со високо IQ: Ќе ги одговорите ли сите прашања? Ако без проблем одговорите точно на сите прашања, несомнено сте личност со натпр...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „Ч“ Кои две македонски села имаат исто име на буквата Ч (едно е во тетовско, другото...
Квиз: Дали се сеќавате на музиката и емисиите на MTV со кои растевме? Ако сте дел од генерациите што растеа со музиката на МТV, овој квиз ќе го решите...
Квиз: Можете ли да преживеете без технологија? Би се снашле ли ако треба да испратите писмо по пошта? Или ако снемате сигнал на...

Најчитани неделава