Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал

Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, а нивната приказна е една од најромантичните во поново време.

kolku-barash-za-marija-vaka-zapochnala-najfatalnata-ljubov-na-20-vek-01.jpg

Приказната за Марија Калас е навистина прекрасна и интригантна - полна со подеми и падови, возбуда и длабока тага. 

Освен огромната љубов кон музиката, нејзиниот живот го обележал и големата, но тешка љубов со Аристотел Оназис

Заедно поминале години и години, но нивниот однос бил „обоен“ со многу солзи, падови, препреки, одмазди и драматични пресврти. 

kolku-barash-za-marija-vaka-zapochnala-najfatalnata-ljubov-na-20-vek-06.jpg

Забранета љубов

Љубов меѓу нив се јавила додека биле на јахтата на Оназис - „Кристина“, на која тогашната елита одела на тринеделно крстарење по Медитеранот.

Тогаш и двајцата биле во брак - таа со менаџерот Џовани Батиста Менегини, кој бил 30 години постар од неа, а Аристотел со богатата наследничка Атина Ливанос. 

Харизматичниот богаташ бил маѓепсан од шармот на тогаш 32-годишната дива, а секоја нејзина желба за него била заповед - кога рекла дека сака танго, тие цела ноќ играле танго, кога рекла дека сака рози, тој ја наполнил цела сала со рози, кога таа рекла дека сака забави, тој организирал една само за неа...

Марија побарала развод веднаш штом завршило крстарењето. Нејзиниот сопруг Менегини „полудел“ и јавно го обвинил Оназис за распад на бракот. 

Легендарниот богаташ тогаш изреагирал во свој стил и јавно го прашал: „Колку сакаш за Марија? Пет или десет милиони?“

Марија го придружувала богатиот сопственик на бродови на патувања низ светот, уживала во скапите подароци, прекрасните фустани, поддршката, вниманието, ентузијазмот за неа...

kolku-barash-za-marija-vaka-zapochnala-najfatalnata-ljubov-na-20-vek-07.jpg

Токсична врска

Врската со Аристотел придонела убавата Гркинка да биде честа мета на таблоидите, иако и пред тоа имала лоша репутација.

Лошата репутација во јавноста, во комбинација со тешкотиите при пеењето кои се појавиле поради наглото слабеење и слабеењето на дијафрагмата, како и самата љубов со Оназис, придонеле Марија да се повлече од сцената, далеку предвреме. 

Во годините што следеле нивната врска добила патолошка форма и се претворила во садо-мазо врска во која Аристотел бил брутален и бесчувствителен, а Марија била жена зависна од неговите допир и зборови, која живеела само за времето поминато со него. 

Често ја понижувал јавно велејќи ѝ дека е само „глупава, дебела дама со голем нос“ и дека е „добра само за кревет“. 

Постојано ја изневерувал, а тоа кулминирало со аферата со Џеки Кенеди, тогаш најпосакуваната вдовица на планетата.

kolku-barash-za-marija-vaka-zapochnala-najfatalnata-ljubov-na-20-vek-04_copy.jpg

Нова/стара романса

Оназис се оженил со Џеки Кенеди, наводно за да стекне влијание во Америка, но наместо тоа, трајно ѝ го скршил срцето на жената која безусловно го сакала и живеела само за него.

Џеки се омажила за него само заради богатство и моќ, а не можела да му угоди на неговиот темперамент и природа, па тој набрзо ужасно зажалил за одлуката. 

Многу му недостигала Марија и сè повеќе копнеел по нејзината љубов, топлата прегратка и цврстата поддршка. 

Упорноста, притисокот, дарежливите гестови на Аристотел вродиле со плод - оперската дива не одолеала и повторно започнале романса, но исто така нестабилна, со постојани кавги и прекини, бидејќи тој сè уште ѝ бил официјален сопруг на Џеки Кенеди.

kolku-barash-za-marija-vaka-zapochnala-najfatalnata-ljubov-na-20-vek-05.jpg

„Додека смртта не нѐ раздели

Кога Оназис почувствувал дека му се ближи крајот, ја побарал својата сакана љубовница, нарекувајќи ја својата „единствена вистинска сопруга“.

Во 1975 година Аристотел починал во болница, а со себе го имал последниот подарок од Марија - црвено ќебе од брендот Хермес.

Две години подоцна, на 53-годишна возраст починала и Марија, а причината за смртта била срцев удар.

Холивудската актерка Анџелина Џоли ќе го оживее ликот на Марија Калас на екранот во биографскиот филм на чилеанскиот режисер Пабло Лараин, чии филмови практично се гаранција за номинација за Оскар.

Прочитајте и: Факти за Гркот Аристотел Оназис и проклетството на неговото семејство – беше најбогат човек во светот, се ожени со Џеки Кенеди

kolku-barash-za-marija-vaka-zapochnala-najfatalnata-ljubov-na-20-vek-03.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg