Извор на желби

izvor-na-zelbi-povekjeШто ги движи нашите желби? Оние кои се тајни, или оние кои со некого сме ги споделиле или некои сосема трети? Секоја од нив мора да биде изградена во нас самите.

 

Дали желбата ја придвижува разумот или таа е последица на инстинктот?

izvor-na-zelbi

И дали само постоењето на желба е доволно во нас да разбуди љубопитност која подоцна ќе го трасира патот кон подлабоки чувства иако на почетокот ништо не оставало впечаток дека тоа нешто може да се случи?

Дали сме ние затвореници на сопствените желби и ако сме, дали самите во нив сме се затвориле или вината треба да ја побараме на некое друго место?

Постоењето на било каква желба може да направи нешто за што сме биле убедени дека ќе трае кратко, да прерасне во нешто потрајно и поцврсто. Тоа не мора да се однесува само на љубов и секс.

Желбата мора да постои и поради тоа што на некој начин не одржува во состојба на будност. Се додека има желба, има и надеж дека работите можат да се изменат.

Има надеж дека на себе си можеме повеќе да работиме, повеќе да вложуваме во својот живот и од него повеќе да очекуваме.

Ако одредена желба е искрена, без измислување, тогаш пред неа ќе паѓаат сите бариери, вклучувајќи ги и најголемите, оние кои се однесуваат на предрасудите.

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
14 „тажни“ фотографии кои совршено го опишуваат понеделник „Стаклената врата од тушот се распрска ноќеска на илјадници парчиња. Понеделнико...
8 забавни илустрации - Kолку се разликуваат романтичните филмови од реалноста? Во филмовите, момчето и девојката стојат на дожд и си изјавуваат љубов, а во реа...

Најчитани неделава