Висина, тежина, години? Најголемите машки комплекси и лаги во кои се убедуваат себеси и другите

Ако мислевте дека само жените се оптоварени со работи како што се возраста и физичкиот изглед, грешите. Мажите се подеднакво несигурни за истите работи и многу често се срамат, па лажат за нив.

visina-tezina-godini-najgolemite-maski-kompleksi-i-lagi-vo-koi-se-ubeduvaat-sebesi-i-drugite-01.jpg

Ова се најголемите машки комплекси и лаги во кои се убедуваат себеси и другите:

Преголема телесна тежина или премала

Иако жените ретко велат дека тежат повеќе отколку што навистина тежат, мажите често ја зголемуваат таа бројка, особено ако се доста слаби.

Истражувањето покажа дека 60 проценти од мажите ја намалуваат, а 40 проценти ја зголемуваат вистинската бројка.

Одење во салони за убавина и користење козметика

Добри креми за хидратација и чистење на кожата не сакаат да користат само жените. Мажите, исто така, уживаат во салоните за убавина, но единствената разлика е во тоа што тие честопати се срамат да го признаат тоа.

Висина

Ниските мажи често се чувствуваат многу несигурно во присуство на девојки со високи потпетици, па понекогаш избегнуваат места каде што ова е вообичаен кодекс на облекување.

visina-tezina-godini-najgolemite-maski-kompleksi-i-lagi-vo-koi-se-ubeduvaat-sebesi-i-drugite-02.jpg

Години

Мажите понекогаш се чувствуваат несигурно поради годините и често ја намалуваат бројката за цела деценија.

Состојбата на банкарската сметка

Сонот на повеќето мажи е да имаат доволно пари за да можат да се грижат за семејството, да го поседуваат автомобилот што го сакаат и едноставно да се чувствуваат богато.

Многу жени ги привлекува финансиската, состојба скоро колку и физичкиот изглед, па не е ни чудо што мажите лажат за истата.

Сексуално искуство и способност

Ова е, како што можете да претпоставите, темата за којашто мажите најмногу лажат. Секој сака да остави добар впечаток, на општеството, на поубавиот пол, така што бројките во секоја смисла се претерани.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава