Облека и топол дом - Работи што не ги цениме сѐ додека не се соочиме со реалноста

Сите ние ја земаме удобноста на нашиот живот здраво за готово. Неретко забораваме дека многу луѓе ширум светот, живеат без да можат да си ги задоволат и најосновните потреби.

obleka-i-topol-dom-raboti-shto-ne-gi-cenime-se-dodeka-ne-se-soochime-so-realnosta-01.jpg

Топлиот дом, водата за пиење и облеката се вистински луксуз за луѓето од другите краеви на светот.

Погледнете кои се нештата што не ги цениме, сè додека не се соочиме со реалноста:

Семејство

Можеби како дете сте се чувствувале фрустрирано, па дури и несакано, кога вашите родители се обидувале да ве научат на нешто.

Но, треба да им се заблагодарите за нивниот труд да ве претворат во среќна и одговорна личност.

Па, следниот пат пред да се пожалите за вашето семејство, сетете се дека над 150 милиони деца во светот се сираци, кои ги немаат родителските љубов и грижа што сте ги имале вие.

obleka-i-topol-dom-raboti-shto-ne-gi-cenime-se-dodeka-ne-se-soochime-so-realnosta-02.jpg

Топол дом

Денес е навистина лесно да заборавите колку е всушност важно да имате место што можете да го наречете дом.

Знаевте ли дека според истражување од Универзитетот Јејл, над 150 милиони луѓе се присилени да преноќуваат надвор, а 1,6 милијарди луѓе ширум светот немаат соодветен дом?

Според претпоставките, проблемот со бездомници само ќе се влошува.

obleka-i-topol-dom-raboti-shto-ne-gi-cenime-se-dodeka-ne-se-soochime-so-realnosta-03.jpg

Вода за пиење и електрична енергија

За повеќето од нас, водата за пиење е достапна во домот. Токму поради ова, не ѝ обрнуваме многу внимание, ниту пак внимаваме колку ја трошиме.

Истото важи и за електричната енергија и за интернетот. Ова се нешта кои станале дел од нашето секојдневие, па не можеме ни да си го замислиме животот без нив.

Но, 1 од 3 луѓе немаат пристап до чиста вода за пиење. Се претпоставува дека до 2025-та година, половина од светското население ќе нема постојан пристап до вода за пиење.

Ситуацијата со електричната енергија не е подобра и 1 од 6 луѓе живеат без струја.

obleka-i-topol-dom-raboti-shto-ne-gi-cenime-se-dodeka-ne-se-soochime-so-realnosta-04.jpg

Топла вода

Бидејќи голем дел од населението нема пристап до чиста вода, топлата вода за овие луѓе е фантазија.

Над 800 милиони луѓе во светот, секој ден чекаат во ред најмалку 30 минути, само за да си наполнат вода.

obleka-i-topol-dom-raboti-shto-ne-gi-cenime-se-dodeka-ne-se-soochime-so-realnosta-05.jpg

Чист воздух

Чистиот воздух треба да биде достапен за секого, но технолошкиот развој е причина за неговото загадување.

Во некои држави има построги закони со кои се контролира загадувањето на воздухот, но во некои не се презема ништо.

Според Светската здравствена организација, 92% од светското население живее на места со загаден воздух. Покрај тоа, загадувањето на воздухот е причина за 1 од 8 смртни случаи.

obleka-i-topol-dom-raboti-shto-ne-gi-cenime-se-dodeka-ne-se-soochime-so-realnosta-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg