3 работи што богатите луѓе не мора да ги плаќаат

Додека обичните луѓе секојдневно се борат со проблеми со егзистенција и финансии, повеќето милијардери не би можеле да го потрошат своето богатство дури ни да живеат 300 години.

3 raboti sto bogatite luge ne mora da gi plakaat 01

Покрај тоа, луѓе со пари имаат посебни привилегии. Имено, покрај нивните незамисливи финансиски можности, тие сè уште добиваат бесплатни работи.

Ова се само 3 работи што богатите луѓе не мора да ги плаќаат:

1. Храна и пијалаци

Бесплатната храна и пијалаците се составен дел од животот на богатите луѓе, без разлика дали се работи за театарски премиери, фенси забави или бесплатна промоција на одреден производ. Но некои среќници не мора да плаќаат за својата храна, каде и да одат.

Одамна е познато дека еден од најбогатите мажи на светот, Бил Гејтс е горд сопственик на златна картичка на Мекдоналдс, која му овозможува бесплатно да јаде во секој ресторан. Од друга страна, американскиот режисер Џорџ Лукас никогаш не е гладен во град што има Бургер Кинг.

Познатите ресторани оваа привилегија им ја даваат на славните и богатите, но инсистираат да не се зборува за овие картички, така што целиот список со имиња е непознат.

2. Луксузни предмети и патувања

Доделување на награди и премиери на филмови се одличен терен за промовирање на нови, луксузни предмети на пазарот. Затоа не е ни чудо што на богатите и славните им се даваат подароци со исклучителна вредност.

На Оскарите, на пример, истите достигнаа вредности до 168.000 американски долари, што значи дека веројатно познатите актери не даваат воопшто пари за облеката што ја носат.

Пред неколку години, овие подароци содржеа ваучер за едногодишно изнајмување на луксузен автомобил Silvercar Audi, велосипед вреден 1.200 американски долари, бесплатно патување во Италија и слични придобивки.

3 raboti sto bogatite luge ne mora da gi plakaat 02

3. Екстремни искуства

Само мал дел од светската популација со длабоки џебови може да си дозволи да резервира комерцијален лет во вселената. Но некои возбудливи искуства најбогатите луѓе можат да ги добијат бесплатно.

Кога „светските мудреци“ ќе смислат нова иновација милијардерите се првите што ја пробуваат бесплатно.

Сер Ричард Бренсон е обожавател на екстремни спортови, па затоа не е изненадување што тој е меѓу првите што испроба нови реквизити и возила за адреналинската авантура, како преносен „jatpack“.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...

Најчитани неделава