10 работи кои ќе ве направат посреќни

6. Избројте до 30 

Не секогаш искреноста е правиот потег кој треба да го одберете.

Внимавајте на чувствата на другите.

Не секој е спремен да го чуе она што вие мислите дека треба да го знае.

Затоа, размислете однапред. Не дозволувајте вашиот револт да резултира во постапка за која подоцна ќе се каете.

Колку повеќе се среќни луѓето околу вас, толку сте и вие.

7. Изразувајте благодарност 

Една од најважните услови за среќа.

Д-р Брејн Браун, вели:

„Во 12 години истражување, никогаш не сум интервјуирал ниту една личност која не практикувала на крајот да изрази благодарност“.

Уважете го времето кое некој го потрошил за вас.

Ценете ги работите коишто луѓето ги прават. Покажете дека ви значи она што го направиле.

Не срамете се да кажете „благодарам“.

10-raboti-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-04.jpg

8. Учете од своите грешки 

Студиите покажуваат дека луѓето кои доживеале неволја во нивниот живот се посреќни од оние кои немаат.

Според истражувањето, перспективата добиена од истражувањата во врска со тоа како на нас влијаат неволјите е следнава:

- Обликување и зајакнување на нашиот идентитет

- Подобро справување со идните стресни ситуации

- Зголемување на нашата флексибилност

- Зголемен оптимизам

Нашите грешки се всушност и наши учители.

9. Чувствувајте се задоволно во својата кожа 

Според науката, среќата е комбинација на две работи: колку сте задоволни од вашиот живот и колку добро се чувствувате секојдневно.

Исто така повеќе научни докажувања тврдат дека околу 50% од среќата е генетски одредена, 40% е контролирана од постапки, однесувања и мисли, а само 10% е одредено од вашите околности!

Ова е една од добрите причини да паузираме и да размислуваме за нашиот живот.

10-raboti-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-05.jpg

10. Прифаќајте совети 

За сега, заборавете на процентите.

Ако сте спремни да посветите време и да вложите напор за спроведување на некои од овие препораки, ја зголемувате шансата да бидете посреќна личност.

Примете препорака и совет од секој што сака да ви помогне.

Среќата не е во тоа постојано да сте насмеани за целиот свет да го види тоа. 

Среќата е задоволство.

Таа е ваше право.

Секој заслужува да е среќен, затоа зграпчете ја вашата среќа и не пуштајте ја! 

Мила М. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава