10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та
Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата година, не ја чистете куќата на 1 јануари зашто се верува дека тоа ќе ја „исчистите“ и вашата среќа... Ако сте суеверни, може да пробате нешто од ова денес и утре и да пробате да си ја повикате среќата за 2026-та.

Ако верувате во добра или лоша среќа, постојат неколку верувања (собрани од целиот свет) што можете да ги направите на 31 декември или 1 јануари и годината да ви почне убаво.
Па дури и да не сте суеверни, од забава, ако се сетите на нешто од ова што ќе го прочитајте - пробајте да го примените со надеж дека 2026-та ќе ви донесе среќа.
Ова се 10 новогодишни суеверија кои може да ги пробате од забава, ако сакате следната година да ви биде среќна:
1. Носете долна облека во црвена боја за дочекот на Нова година ако сакате да имате љубов наредната година.
2. Додадете мед во храната што ќе ја јадете на 31 декември кон 1 јануари за да ви донесе нешто благо и слатко во следната година.
3. Кога часовникот ќе отчука полноќ, „скокнете“ на нозе од местото каде што седите за годината да ви биде среќна.
4. Отворете ги прозорците на полноќ за да ја пуштите старата година (но и старата верзија од себе) да излезе, а да влезе новата верзија од вас што ќе ве води во иднина.
5. Ако се разбудите рано на 1 јануари, лесно ќе станувате рано и до крајот на годината.
6. Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата година и да бидете сигурни дека ќе имате добра финансиска состојба следните 12 месеци.
7. Не ја чистете куќата на 1 јануари зашто се верува дека тоа ќе ја „исчистите“ и вашата среќа за следната година (т.е ќе ја исфрлите надвор).
8. Не плачете на 1 јануари за да не бидете тажни и со солзи во следните 12 месеци.
9. Бидете гласни на полноќ - без разлика дали пеете, плескате или правите врева - така ќе ги исплашите злите духови.
10. Не јадете пилешко или живина на последниот ден од годината бидејќи се смета за лоша среќа - птиците имаат крилја, па ако ги јадете се верува дека и вашата среќа за следната година ќе „одлета“.
А. Ј. | Црнобело
