Црвената нишка на судбината, приказната за планината Фуџи - најубавите митови и легенди од Јапонија

Приказната за принцезата Кагуја

Ова е приказна за постар пар кој не можел да има деца. Мажот сечел бамбуси и еднаш нашол стебло од кое излегувало светлина. Кога го пресекол стеблото, внатре нашол многу мало девојче, големо колку неговиот палец.

Старецот и неговата жена го нарекле девојчето Кагуја, а оттогаш секојпат кога мажот сечел бамбус, наоѓал злато. Поради ова тие станале многу богати.

Девојчето пораснало и се претворило во прекрасна млада жена. Дури пет принцови ја барале нејзината рака, но таа не сакала да се венча, па им поставувала невозможни задачи.

Кагуја го привлекла и вниманието на императорот, кој исто ѝ понудил да стапат во брак. Тогаш девојчето им кажало на старецот и жената дека дошла од Месечината, и дека на следната полна Месечина ќе треба да се врати назад. Пред да замине, таа му оставила писмо на императорот и шишенце со еликсир на животот.

Императорот испратил армија до највисоката планина во Јапонија за да ги изгори писмото и шишенцето. Се надевал дека така чадот ќе допре до Кагуја. Оваа планина е всушност Фуџи, а облакот што ја покрива е чадот на императорот.

najubavite-mitovi-i-legendi-od-japonija-04.jpg

Легендата за црвената нишка на судбината

Ова е можеби најубавата легенда за љубовта од јапонскиот фолклор, според која сите ние имаме црвена нишка која почнува од нашиот мал прст и нè поврзува со личноста со која ни е судено да го поминеме животот. Оваа нишка може да се истегне и да се заплетка, но никогаш да се скине.

Постојат неколку приказни за црвената нишка, но најпознатата е за еден император кој побарал услуга од вештерка која можела да ја види нишката.

Следејќи ја нишката, императорот и вештерката стигнале до сиромашна жена со бебе во нејзините раце. Тогаш вештерката му рекла на императорот дека неговата нишка завршува овде. Мислејќи дека се шегуваат со него, императорот ја турнал жената и ја повредил главата на бебето.

Многу години подоцна, императорот требало да се венча со ќерката на еден од најважните генерали во државата. На денот на венчавката, тој го тргнал велот од лицето на невестата и кога првпат ја видел, забележал дека има лузна на главата.

najubavite-mitovi-i-legendi-od-japonija-05.jpg

Легендата за Коноханасакуја-химе

Коноханасакуја-химе, или Сакуја-химе, е божица на црешовите цветови, планината Фуџи и вулканите, но и симбол на животот на Земјата. Главната задача ѝ била да се осигури дека црешовите дрва ќе процутат во пролет.

Кога божицата го запознала богот Ниниги, веднаш се вљубила во него. Тогаш, тој отишол кај нејзиниот татко и ја побарал за жена. Но, таткото му рекол да се венча со неговата постара ќерка, божицата на камењата. Ниниги не попуштал и на крај таткото на Сакуја-химе се согласил.

А, бидејќи Ниниги ја одбил нејзината сестра, животите на луѓето се кратки како црешови цветови, а не долги и издржливи како камења.

najubavite-mitovi-i-legendi-od-japonija-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...

Најчитани неделава