По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган

Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во кома. Но, среќата вистински му се насмевнала – во период од една година, освоил автомобил со грепка, а потоа уште 250.000 долари, и тоа на телевизија, додека  раскажувал за првата добивка.

po-klinichka-smrt-i-koma-osvoil-avtomobil-pa-250-000-od-grepka-ludata-odiseja-na-bil-morgan01.jpg

Бил Морган од Австралија е нарекуван и најсреќниот човек на земјата.

Во 1990-тите, по сообраќајка во која речиси го загубил животот, тој освоил автомобил со грепка, а додека пред телевизиска камера зборувал за добивката, освоил и огромна парична сума.

Моментот кога ја греби втората добитна грепка е овековечен и на снимка која повремено „испливува“ на социјалните мрежи.

po-klinichka-smrt-i-koma-osvoil-avtomobil-pa-250-000-od-grepka-ludata-odiseja-na-bil-morgan-02.JPG

Детали за одисејата на Бил (и што прави денес):

Во 1998-ма, тогаш 37-годишниот Бил Морган живеел  во камп-приколка во предградието на Мелбурн.

Работел како камионџија, а имал и проблеми со срцето за што примал терапија.

Но, додека управувал со камионот, имал алергиска реакција на нов лек за проблемите со срцето и доживеал инфаркт.

Бидејќи изгубил свест, предизвикал сообраќајка и цели 14 минути бил клинички мртов. Болничарите некако успеале да го врата во живот, но Бил бил во кома.

po-klinichka-smrt-i-koma-osvoil-avtomobil-pa-250-000-od-grepka-ludata-odiseja-na-bil-morgan-03.JPG

Иако медицинскиот тим не верувал дека ќе преживее, само неколку денови подоцна, тој се разбудил.

„Додека лежев во болницата, си помислив ’Боже, изгледа го преживеав ова‘. Имам само 37 години, на оваа возраст имам многу да очекувам од животот“, споделил Бил тогаш за локалните медиуми.

И, навистина имал што да очекува бидејќи во период од една година, среќата на Бил целосно се променила.

Најпрво, лекарите му рекле дека е медицинско чудо штом ја преживеал несреќата.

po-klinichka-smrt-i-koma-osvoil-avtomobil-pa-250-000-od-grepka-ludata-odiseja-na-bil-morgan-07.JPG

Околу една година подоцна, си купил грепка и освоил автомобил – Toyota Corolla која тогаш чинела околу 30.000 долари.

Во меѓувреме, се свршил и со неговата девојка.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg