По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган
Новинар од локална телевизија дознал за Бил и сметал дека вреди да се сподели неговата среќна приказна, па го поканил да даде интервју.
И, тогаш среќата уште еднаш му се насмевната.
Од телевизијата го замолиле да купи уште една грепка од истата продавница и пред камерите да покаже како ја изгребал првата.
Добитна била и втората грепка – овој пат Бил освоил дури 250.000 долари.
„Освоив 250.000 долари. Не се шегувам. Мислам дека ќе имам уште еден инфаркт“, вели Бил во видеото.
Уште тогаш, приказната на Бил ја споделија и медиумите во САД и Англија, а пред неколку години, почна вирално да се споделува и на интернет.
Погледнете го видеото:
Тогаш, од Daily Mail решиле да го контактираат Бил и да го прашаат дали уште го следи среќа.
Бил уште живее во Мелбурн, а сега има своја куќа и животот му е многу подобар.
„Тоа беше неверојатен период од мојот живот. 12 месеци пред добивката, срцето ми застана и бев мртов повеќе од 14 минути.
Секоја недела си купував грепка – до денес го правам тоа. Па, си ја купив грепката и на глас реков ’Мислам дека освоив автомобил‘. И, кога ја изгребав, навистина освоив.
Не мислев дека целата ситуација е нешто посебно сè додека не допре до медиумите. Мислеа дека е забавна приказна за човек што го следи среќа, па така започна сè.
Се видов со новинарот и ме снимаа како купувам грепка. Едниот камерман ми рече дека кадарот е убав, па сакаат да ме снимаат додека ја гребам. Кога ја изгребав се свртев кон камерата и кажав дека освоив 250.000 долари.
Таму беше сопственикот на продавницата и прокоментира дека сум кажал добра шега. Му кажав дека не се шегувам и во тој миг станав свесен што всушност се случи. Навистина мислев дека ќе имам уште еден инфаркт“, раскажува Бил.
Бил решил дека со оваа сума ќе си го среди животот, па веднаш купил куќа, а останатите пари ги инвестирал.
Со текот на времето, животот му станувал сè подобар и подобар.
Сепак, вели дека годините си го прават своето, па покрај проблемите со срцето, сега има и артритис.
Сподел и дека не му се случило да го следи среќа како во 1998-ма.
Но, истакнува дека до денес е благодарен за добивката и животот со сопругата и семејството.
„Се чувствувам како овие години да ми се подарени и така треба да го живеам животот.
Секој ден станувам од кревет и дури и ако не се чувствувам многу добро, излегувам, го гледам сонцето и си размислувам за тоа колку сум среќен. Добив 250.000 долари, имам свој дом, имам убав автомобил.
Требаше да се пензионирам порано поради проблемите со срцето и артритисот, но животот ми е навистина убав“.
Спирова С. | Црнобело
