Толкување на најчести сонови: Бременост или бремена жена

Соновите се низа на слики и чувства кои се појавуваат додека спиеме. Толкувањето на соновите е популарно уште од најстарите времиња, а науката која ги проучува соновите се нарекува ониромантија.

najcesti-sonovi-bremenost-ili-bremena-zena-01.jpgфото: pexels.com

Во текот на месец февруари и март, ќе ги споделуваме толкувањата за 10-те најчести сонови кај луѓето.

Толкување за вашите сонови може да најдете и во нашиот ОНЛАЈН СОНОВНИК.

Еден од најчестите сонови е бременост или бремена жена.

ШТО ЗНАЧИ ДА СОНУВАТЕ БРЕМЕНОСТ ИЛИ БРЕМЕНА ЖЕНА?

Соништата за бременост и бремени жени скоро секогаш имаат позитивна конотација, дури и ако маж сонува дека е бремен.

Ако жена сонува дека е бремена:

Ако сонувате дека сте бремени, тоа значи дека ќе ви се исполни долгоочекувана желба. Ви претстои период на среќа и благосостојба.

Ако сонувате дека се плашите или дека не ви е пријатно што сте бремени:

Доколку во сон се плашите или ви е непријатно што сте бремени, тоа укажува дека не се согласувате со промените. Можно е вашиот комфор да не сакате да го жртвувате за ништо.

Од таа причина, некои луѓе мислат дека сте себични, но вие сметате дека е подобро да бидете искрени за никој да не биде повреден.

Ако жена сонува бремен маж:

Ќе се насмеете на јаве. Ви претстои добро дружење со пријателите. Среќа и веселба. Станувате многу позитивна личност.

Ако сонувате непозната личност дека е бремена:

Ако гледате друга бремена жена, т.е. непозната бремена жена во сон, тоа значи дека ве очекуваат непријатности. Можно е да не сакате сè уште да забремените, па тоа ве оптоварува.

Уморни сте и од притисокот на семејството кое од вас очекува бебе. Вие се обидувате да не придавате премногу значење на она што другите го кажуваат.

Ако имате проблеми во бракот или врската, тој сон значи дека се плашите дека партнерот ќе ве изневери.

Ако сонувате дека бремена жена престанува да биде бремена:

Вашиот живот конечно ќе се врати во нормална рутина, по некои долгорочни проблеми. Ќе уживате во промената.

Ако сонувате дека водите љубов со вашиот сопруг (момче), а притоа сте бремени во сон:

Среќа во животот. Стабилен брак. Сè што ќе почнете ќе ви оди од рака.

Ако сонувате дека водите љубов со љубовник, a притоа сте бремени во сон:

Беда во животот. Некого можеби ќе посрамотите.

Ако маж сонува дека е бремен:

Потсвесно чувствувате потреба да пронајдете некого кон кого ќе се поставите заштитнички и кој ќе гледа во вас силна личност и заштитник.

Ако маж сонува дека неговата сопруга или девојка е бремена:

Можно е да сакате да го проширите семејството, па сонот ја одразува вашата желба да станете родител.

Можеби вашата поранешна љубов останала бремена, па потсвесно се оптоварувате со неа затоа што сè уште чувствувате нешто за неа или сакате да бидете татко на нејзиното дете.

Ако долго време посакувате дете и сте во сериозна врска или брак, сметате дека сега е вистинското време да поработите на тоа.

Ако сонувате дека водите љубов со својата бремена сопруга или девојка:

Среќа во животот. Стабилен брак.

Ако сонувате дека водите љубов со љубовница и дека е бремена во сон:

Беда во животот. Можеби ќе посрамотите некого.

Ако сонувате повеќе бремени жени:

Кога во сон гледате повеќе бремени жени, тоа значи дека ќе стекнете нови пријатели.

Веројатно ќе имате слични интереси и ќе увидите во нивно друштво ви е многу интересно. Ќе научите многу од нив и ќе ви биде жал што не сте се запознале порано.

Значењето на сонот за двата пола може да се поедностави. Постои можност дека сте разговарале или сте биле на гости кај личност која е бремена, па потсвесно сте размислувале за тоа.

Исто така, можно е да сте гледале филм, снимка од бременост или породување, така што тоа оставило силен впечаток кај вас. Во овој случај, ниту едно од горенаведените значења на соништата не важи, а самиот сон нема никакво суштинско значење.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg