Ако вашата другарка се здебели, ќе го следите и вие примерот - преку вежба откријте како вашите пријатели ви влијаат

Со оваа едноставна вежба ќе утврдите колку влијаат вашите најблиски пријатели врз вашите особини, дали тоа е позитивно или негативно, но и како да го извлечете најдоброто од ова влијание.

vezhba-kolku-lesno-potpagjate-pod-tugjo-vlijanie-dali-bliskite-prijateli-vi-vlijaat-pozitivno-ili-negativno-01.jpg

Луѓето коишто нè опкружуваат го сочинуваат нашето „племе“ и ние, на некој начин, се адаптираме согласно тоа што тие го емитуваат како енергија. Начинот на којшто живеат, нивните мисли и верувања влијаат на нашите мисли, расположение и однесување.

Формулацијата која ја употребуваат психолозите и социолозите опишувајќи ги ваквите друштвени врски е „преносна зараза“ или несвесно моделирање. Нам најмногу ни влијаат луѓето од најблиската околина и тоа со своите навики, емоции, уверувања, животни вредности, па дури и финансиите.

Студиите покажуваат дека доколку вашата најдобра другарка се здебели, шансите да ви се случи тоа и вам се 57%. Ова можеби најдобро го покажува влијанието што го имаат нашите блиски пријатели врз нас.

Всушност, се верува дека секој од нас е „комбинација“ од петте луѓе со кои го поминува најголемиот дел од времето.

Погледнете околу себе и размислете – кого вие свесно или несвесно моделирате?

vezhba-kolku-lesno-potpagjate-pod-tugjo-vlijanie-dali-bliskite-prijateli-vi-vlijaat-pozitivno-ili-negativno-02.jpg

Вежбата во продолжение ќе ви помогне да утврдите колкаво е влијанието на најблиските луѓе врз вас, но и дали е позитивно и негативно. Ќе треба и да размислите за ова влијание за да го извлечете најдоброто од него.

За вежбата ќе ви бидат потребни само пенкало и лист хартија. 

1. Нацртајте стебло со 5 гранки. На секоја од нив напишете го името на петте ваши најблиски или најдобри пријатели или членови на семејството, луѓе кои ви се особено важни и со кои го поминувате најголемиот дел од времето.

2. На секоја гранка, покрај името на личноста, напишете по 5 збора кои најдобро ги опишуваат секој од нив. Тие 5 збора може да бидат и позитивни и негативни. Треба само реално да ја отсликуваат личноста којашто сте ја впишале на гранката.

3. Покрај секоја карактеристика на пријателите која сметате дека е и вашата силна или добра страна ставете знак * (ѕвездичка). Покрај секоја негативна особина што ја имате и вие ставете знак х (икс).

4. Размислете дали и како можете да ги промените иксовите во ѕвездички. Потоа размислете добро за сите 25 карактерни особини, ставови, вредности и навики коишто сте ги запишале, затоа што сите тие влијаат врз вас.

Што заклучивте? Дали интеракцијата со овие 5 луѓе ве прави послаби или посилни како личност? Дали тие имаат позитивно, или негативно влијание врз вас? 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава