Панда мечките повеќе не се загрозен вид - најубавите нешта што се случија во 2021-ва, низ илустрации
Илјадници дрвја и грмушки ќе бидат посадени низ северна Шпанија со цел да се нахранат 330 кафени мечки во текот на зимата, кои се присилени да ја завршат хибернација порано поради климатските промени.

Неочекуван херој – мајонезот. По големо истекување на нафта покрај брегот на Израел, спасувачите открија дека хранењето на желките со мајонез може да го исчисти нивниот дигестивен систем од токсичните материи.

Во Атланта се наоѓа најголемата шума за бесплатна храна во САД, каде што луѓето слободно можат да берат зеленчук и овошки. Одлично решение за справување со проблемите со храната!

Во Париз се отстрануваат 140.000 места за паркинг од улиците, а бетонот се заменува со градини за градот да биде позелен и подобар за луѓето.

Естонија стана единствената држава во светот со женски претседател и женски премиер. Ви благодариме што ги инспирирате идните лидери!

Зошто да сечете дрвја кога можете да одгледувате дрво во лабораторија? Научниците од MIT развија технологија за одгледување дрво од клетки од растенија, која може да помогне во намалување на сечењето на шумите.

Хаваи е првата држава во САД која ја забрани продажбата на заштитни кремови од сонце кои содржат хемикалии што се штетни за коралите, со тоа започнувајќи нова ера на кремови за сончање кои се безбедни за коралните гребени.

Над 4 милиони луѓе ја добија првата доза од вакцината против КОВИД-19 во Велика Британија, надминувајќи го бројот на луѓе кои имале позитивен тест.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот
Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат
Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се...
Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и ...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа
„Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна
„Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото)
„Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...