9 илустрации што ќе ви разбудат носталгија - Како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се слави денес
Кристалот се вадеше еднаш-dvapati годишно, се користеше во специјални прилики и се пренесуваше од генерација на генерација. Кршењето на едно такво парче се сметаше за трагедија од космички размери! Работите сега се малку поинакви...

Ако сте дете од 1980-тите (или почетокот на 1990-тите), тогаш овие 10 забавни илустрации ќе ви ја разбудат носталгијата.
А ако растевте во новиот милениум, ќе видите колку е голема разликата во изминатите четириесетина години - од храната што се приготвувала, преку Дедо Мраз, новогодишната елка, до кристалните чинии кои се чувале само за оваа посебна пригода.
Погледнете како се славеше Нова година кога бевме деца vs. како се слави денес:
Кога бевме деца елката беше „портал“ кон некоја бајка, и колку подолго стои, толку подобро. Како возрасни работите ги гледаме од друг агол - елката е украс што не треба да стои долго.

Порано го молевме Дедо Мраз за играчки и ветувавме дека ќе учиме за да добиваме само петки на училиште. Денес, нашите приоритети се значително сменети.

Новогодишните гозби со купишта салати полни со мајонез и тешки јадења стануваат сè поретки. Денес многумина избираат лесни закуски или храна преку достава.

-->
-->
Како деца, уживавме во огнометите и сонувавме и сами да пуштаме огномет. Сега, со задоволство ги гледаме огнометите, ама повеќе се радуваме кога гледаме колку нашите деца им се радуваат.

-->
Порано трчавме најбрзо што можеме за да им отвориме врата на гостите. Сега измислуваме „ненадејни болести или патувања“ само за да останеме дома сами.

Нашите мајки и баби беа цел ден покрај шпоретот, оставајќи го срцето во секое јадење што го сечкаа. Денес многумина наместо да стојат „над шпоретот“, нарачуваат готова храна - брзо е, вкусно и нема купишта валкани садови на 1 јануари.

Кристалот порано се вадеше еднаш годишно, се користеше во најспецијални прилики и се пренесуваше од генерација на генерација. Кршењето на едно такво парче се сметаше за трагедија од космички размери! Работите сега се малку поинакви.

Кога бевме деца, мирисот на мандарините и портокалите беше синоним за Нова година, исто како и елката. За нашите деца, мандарините се само „уште едно овошје“ од супермаркет, достапно 365 дена во годината.

Се сеќавате ли како стоевме мирно пред Дедо Мраз, засрамени и заборававме што сакаме да му кажеме? Децата денес се „послободни“ и го користат Дедо Мраз за да си снимаат видеа за ТикТок.

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот
Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ...
Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“
„Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации
Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан...
Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“
„Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
-->
