Панда мечките повеќе не се загрозен вид - најубавите нешта што се случија во 2021-ва, низ илустрации
Илјадници дрвја и грмушки ќе бидат посадени низ северна Шпанија со цел да се нахранат 330 кафени мечки во текот на зимата, кои се присилени да ја завршат хибернација порано поради климатските промени.
Неочекуван херој – мајонезот. По големо истекување на нафта покрај брегот на Израел, спасувачите открија дека хранењето на желките со мајонез може да го исчисти нивниот дигестивен систем од токсичните материи.
Во Атланта се наоѓа најголемата шума за бесплатна храна во САД, каде што луѓето слободно можат да берат зеленчук и овошки. Одлично решение за справување со проблемите со храната!
Во Париз се отстрануваат 140.000 места за паркинг од улиците, а бетонот се заменува со градини за градот да биде позелен и подобар за луѓето.
Естонија стана единствената држава во светот со женски претседател и женски премиер. Ви благодариме што ги инспирирате идните лидери!
Зошто да сечете дрвја кога можете да одгледувате дрво во лабораторија? Научниците од MIT развија технологија за одгледување дрво од клетки од растенија, која може да помогне во намалување на сечењето на шумите.
Хаваи е првата држава во САД која ја забрани продажбата на заштитни кремови од сонце кои содржат хемикалии што се штетни за коралите, со тоа започнувајќи нова ера на кремови за сончање кои се безбедни за коралните гребени.
-->
-->
Над 4 милиони луѓе ја добија првата доза од вакцината против КОВИД-19 во Велика Британија, надминувајќи го бројот на луѓе кои имале позитивен тест.
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото)
„Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца
Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот
Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот
„Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат
„Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште)
Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...