Ананас, пица, хот-дог – фризер прави несекојдневни фризури за да собере пари за хуманитарна организација (фото)

Еден ексцентричен стилист го пропатувал светот, а на луѓето што ги среќавал им правел неверојатни фризури инспирирани од брза храна или споменици. Цела оваа турнеја имала хуманитарна цел.

So-nesekojdnevni-frizuri-sobira-pari-za-humanitarna-organizacija-za-deca-Dosega-sobral-nad-35000-dolari-01.jpg

Коса во форма на пица, хот-дог, хамбургер или перек. Ова се само некои од моделите што тој ги изработил. Мајки О'Халоран од Мелбурн, Австралија е експерт за невообичаени и несекјдневни фризури, со голем број бои. Тој е и волонтер за добротворната организација за деца Make A Wish.

Неговите дизајни од 2017-тата година сè уште остануваат незаменливи, а се најдоа и во книгата на „Рипли: Верувале или не“. Тој, како што вели, започнал да работи како волонтер за добротворната организација во чест на неговата братучетка Меган која починала кога тој имал 17 години, а успеала да собере околу 2 милиони долари за организацијата.

Првата необична фризура што ја направил била во форма на овошје, а во рамки на турнејата Rainbow Road trip, тој правел фризури инспирирани од брза храна, како и од маркантните архитектонски одбележја на поголемите градови каде престојувал.

Мајки успеал да собере околу 36.000 долари за организацијата, а дополнително најави дека и средствата што ќе му бидат исплатени за сторијата објавена во книгата на Рипли ќе бидат донирани за Make A Wish.

„Навистина сакам да бидам креативен и тоа што ова го правам со добра цел го прави целиот процес уште поубав. За мојот прв хуманитарен настан, кратев по четврина од мојата коса обоена во боја на виножито за секои 2.500 долари што ќе ги соберев. Потоа одлучив да пробам нешто поинакво и почнав уште повеќе да експериментирам. Ја направив мојата коса во форма на ананас. Потоа ја направив во јагода и во киви, но ми требаше повеќе коса за да можам да експериментирам повеќе“ - вели тој.

За проектот, почнал да бара и волонтери на кои им ги правел овие необични фризури.

Како што вели, од сите дизајни, најтешко му било да направи пица-фризура, затоа што сакал креацијата да биде колку е можно поавтентична.

Повеќе видеа и фотографии од несекојдневните фризури во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнина... „Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава