Зелени очи, „дупли“ трепки – физички карактеристики кои се многу ретки


Зелени очи, „дупли“ трепки – физички карактеристики кои се многу ретки

Природната црвена коса се јавува кај само 2% од луѓето, додека сини очи имаат едвај 10% од населението, а кај помалку од 20% вториот прст на стапалата е подолг од палецот. Па, само помислете колку се уникатни луѓето со овие карактеристики.

zeleni-ochi-dupli-trepki-fizichki-karakteristiki-koi-se-mnogu-retki-01.jpg

Сите ние сме комбинација од гените на нашите родители и предци. Гените одредуваат разни физички карактеристики, како боја на очи, боја на коса, па дури и формата на стапала.

Некои од гените што наследуваме се доминантни, а некои рецесивни.

Доминантните гени се оние кои има поголема веројатност да бидат наследени од родителот како, на пример, кафена коса и кафени очи. Рецесивните гени се наследуваат поретко, некогаш и „прескокнуваат“ по неколку генерации, па за луѓето кои ги наследиле навистина може да се каже дека се посебни.

Некогаш, пак, уникатните физички карактеристики се и резултат на некоја мутација.

Погледнете кои се физичките карактеристики што се вистинска реткост:

Зелени очи

Меланинот е пигментот што им ја што им ја одредува бојата на очите. Наводно, зелените очи содржат невообичаено ниво на меланин – помалку од кафените, а повеќе од сините очи – а ова ги прави навистина уникатни.

Според World Atlas, ширум светот, само 2% од луѓето се раѓаат со зелени очи.

zeleni-ochi-dupli-trepki-fizichki-karakteristiki-koi-se-mnogu-retki-02.jpg

„Продолжен“ патец

Ако сте како повеќето, тогаш вашиот патец е во линија со вашата коса. Но, кај некои луѓе патецот изгледа малку подолг од линијата на косата.

Се верува дека оваа карактеристика е наследна и се појавува кај само околу 35% од населението.

Ваква форма на линијата на косата може да се јави и кај мажите на кои им паѓа косата, но во тој случај не станува збор за наследната карактеристика.

zeleni-ochi-dupli-trepki-fizichki-karakteristiki-koi-se-mnogu-retki-03.jpg

Мала дупка на увото

Оваа мала дупка на увото настанува уште во ембрионалната фаза и според експертите претставува безопасна генетска мутација.

Се претпоставува дека околу 1% од луѓето се раѓаат со оваа дупка.

zeleni-ochi-dupli-trepki-fizichki-karakteristiki-koi-se-mnogu-retki-04.JPG

„Дупли“ трепки

Додека повеќето жени мака мачат со речиси невидливите трепки, некои луѓе имаат среќа да се родат со таканаречени дупли трепки.

Односно, на нивните капаци наместо еден, има по два реда трепки поради што тие изгледаат многу бујно.

Не е познато колку точно луѓе ширум светот се раѓаат со дупли трепки, но наводно ова е навистина редок феномен.

zeleni-ochi-dupli-trepki-fizichki-karakteristiki-koi-se-mnogu-retki-05.jpg

Зеници со различна големина

Во зависност од светлината што допира до нив, зениците можат да се прошируваат и стеснуваат, но генерално и двете имаат иста големина. Но, кај дел од населението зениците имаат различна големина.

Различната големина на зениците може да настане од повреда или нарушување, но 20% од луѓето, едноставно, се раѓаат со вакви зеници. 

zeleni-ochi-dupli-trepki-fizichki-karakteristiki-koi-se-mnogu-retki-06.JPG

Подолг прст од палецот на стапалото

Кај некои луѓе, вториот прст на стапалата е подолг од палецот. Оваа особина може да биде наследна, но и да настане како деформитет на стапалото кој најчесто се јавува кај спортистите.

Кога станува збор за наследна особина, појавата е навистина ретка и се претпоставува дека се јавува кај помалку од 20% од населението.

zeleni-ochi-dupli-trepki-fizichki-karakteristiki-koi-se-mnogu-retki-07.JPG

Црвена коса и сини очи

Природната црвена коса се јавува кај околу 2% од населението. Сините очи, пак, се јавуваат кај 10% од населението.

Уште поретка е комбинацијата од сини очи и црвена коса. Не е познато колкав процент од населението се раѓа со оваа комбинација, но кога ќе ги земете предвид другите бројки, станува јасно дека овие луѓе се навистина посебни.

zeleni-ochi-dupli-trepki-fizichki-karakteristiki-koi-se-mnogu-retki-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што не сте ги знаеле за Канада и причини зошто луѓето сакаат да живеат таму Можеби кога ќе се спомне Канада, помислувате на ладна земја во која животот не е...
10 карактеристики по кои ќе ги познаете луѓето осаменици Тие сакаат да се сами. Често се погрешно разбрани и судени од страна на луѓето.&...
Вирален хит: Што е чудно на оваа матурска фотка? Прославата на матурската вечер е важен момент од животот на сите млади. Обично с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg