Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Работи во домот што гостите веднаш ги забележуваат и не ги забораваат, низ илустрации

Расфрлани обувки во ходникот

Ходникот е првото нешто што го здогледуваат гостите кога влегуваат во вашиот дом, па ако имате куп расфрлани обувки, јасно е каков впечаток ќе добијат.

Чевлите на кои не им е сезона ставете ги во кутии и тргнете ги настрана, а во ходникот добро би било да набавите ормарче или полица за чевли доколку немате.

raboti-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ne-gi-zaboravaat-niz-ilustracii-06.jpg

Сушење долна облека среде собата со гости

Во студените месеци многу полесно е да ја сушите облеката во домот, но ако имате гости барем преместете ја сушарата во другата соба.

Никој нема да се чувствува пријатно покрај вашата изложена долна облека.

raboti-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ne-gi-zaboravaat-niz-ilustracii-07.jpg

Песок за мачки во кујната

Денес лесно можете да најдете песок за мачки што ги неутрализира непријатните мириси, но за многу луѓе не е воопшто пријатно да јадат до тоалетот на вашето милениче.

Всушност, не е ни хигиенски да го чувате песокот во кујната каде што приготвувате храна.

raboti-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ne-gi-zaboravaat-niz-ilustracii-08.jpg

Валкани и искинати домашни влечки

Пред да им понудите домашни влечки на гостите, обрнете внимание дали се валкани и искинати. Бидејќи, сигурно и вие не би облекле туѓи искинати влечки кои мирисаат лошо.

raboti-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ne-gi-zaboravaat-niz-ilustracii-09.jpg

Гласно расправање со партнерот или семејството пред гостите

Никогаш немојте да се расправате со домашните пред гостите. Без разлика за каков проблем станува збор, почекајте гостите да си заминат, па разговарајте.

Само помислете како би се чувствувале вие ако домаќините почнат да викаат на цел глас додека сте кај нив на гости.

raboti-vo-domot-shto-gostite-vednash-gi-zabelezhuvaat-i-ne-gi-zaboravaat-niz-ilustracii-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 предмети и продукти за кои вреди да дадете повеќе пари, за да ги избегнете трошоците во иднина Ако сакате да ја промените бојата на косата, многу подобро е да дадете малку пов...
7 работи за кои не треба да штедите пари (за да не се разочарате од евтината верзија) Залудно потрошените пари се нешто што никој не го сака, па за да не правите двој...
6 детали во бањата што откриваат многу работи за вас Дали вашата бања секогаш „блеска“ или не можете ни да се сетите кога последен па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg