Страв од брада и уште 7 необични фобии кои навистина постојат

Вестифобија

Изразот вестифобија потекнува од латинскиот збор vestis, што може да се преведе како облека, и значи токму тоа – страв од облека.

Неретко фобијата не е предизвикана од самата облека, туку од материјалот. Ако, на пример, некоја личност има алергија на волна, а поради тоа имала непријатно искуство со волнен џемпер, можно е да се јави анксиозност која ќе предизвика фобија.

Експертите го поврзуваат овој страв и со клаустрофобијата – страв од мали простори. Ако личноста се чувствува како да не може да мрдне во облеката, може да почувствува страв и анксиозност.

strav-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat-06.jpg

Аритмофобија

Некои луѓе имаат и страв од броеви, познат како аритмофобија. Кај нив се јавуваат чувства на страв и анксиозност кога гледаат во броеви – во некои случаи фобијата е генерална, а во некои само кон одреден број.

Ова може да претставува сериозен проблем за развојот на личноста, бидејќи денес е практично невозможно да се избегнат броевите во секојдневието.

Се верува дека донекаде оваа фобија потекнува од суеверија или религиски ставови. На пример, во многу култури бројот 13 е „баксузен“, па кога некој цел живот ќе ви го кажува тоа, со текот на времето ќе почнете да се плашите од тој број.

Слично е и со 666 – „бројот на ѕверот“ – кој може да предизвика страв кај религиозни личности.

strav-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat-07.jpg

Агменофобија

Ако сме искрени, веројатно сите имаме доза агменофобија. Ова е всушност страв од редици, односно страв дека редицата во којашто ќе застанете ќе се движи побавно од другата.

Кај луѓето со поизразена форма на фобијата, застанувањето во „погрешна“ редица може да предизвика потење, анксиозност, па дури и панични напади.

Како и за повеќето фобии, и за оваа не е добро познато од каде потекнува, но многумина ја поврзуваат со страв од губење многу време во чекање.

strav-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat-08.jpg

Номофобија

Кај некои луѓе се јавува номофобија – страв дека ќе останат без нивниот телефон.

Овие лица чувствуваат анксиозност од самата помисла дека ќе им се испразни батеријата, ќе го заборават телефонот некаде, па дури и од помислата дека ќе им снема мрежа, а со тоа интернет.

Дури и ако се во ситуација кога воопшто не им треба телефон, фобијата ќе ги натера да чувствуваат страв.

Поради зачестената употреба на смартфони, се верува дека оваа фобија станува почеста појава и обично се карактеризира со постојано и опсесивно проверување на телефонот во текот на денот.

strav-brada-i-ushte-7-neobichni-fobii-koi-navistina-postojat-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава