Последниот број во годината на вашето раѓање е најважен – што означува и на кој елемент му припаѓате?

Постои народно верување кое вели дека последниот број во годината на нашето раѓање игра голема улога и има огромно влијание врз нашата судбина. Секој број, од 1 до 9 има соодветен елемент, и тоа се: воздух, оган, земја, дрво и вода.

Posledniot-broj-od-godinata-na-ragjanje-e-najvazen-01.jpg

Припадноста кон овие елементи може да открие многу за вашиот карактер, особини и животните навики. 

Доколку, на пример, сте родени во 1981 година, тоа значи дека последниот број во вашата година на раѓање е 1, број што му припаѓа на елементот оган.

Погледнете во кој елемент припаѓате според последниот број во годината на вашето раѓање и дознајте нешто за себе:

Воздух (0-1)

Луѓето кои се родени во елементот воздух се одликуваат со сила на карактерот и издржливост. Тоа се праведни и резервирани луѓе. Сакаат да живеат доследно и со многу љубов.

Покрај тоа, тие се луѓе кои знаат што сакаат во животот и кои ќе направат сè за да ги постигнат своите цели и амбиции. 

Нивните недостатоци се прекумерната потреба за стекнување моќ, луксузни предмети и пари. Одлучни се во своите намери и не трпат пропусти.

Вода (2-3)

Луѓето родени во елементот вода поседуваат позитивни особини како што се емпатија, шарм и сочувство.

Имагинативни се и снаодливи, што ги прави успешни во кариерата поврзана со уметноста. Овие луѓе имаат исклучителен инстинкт и се многу ориентирани кон деталите.

Дрво (4-5)

Оние кои се родени во елементот на дрвото се самоуверени и вредни луѓе. Оригинални се, сакаат нови искуства и сонуваат за откривање на светот околу нив, но и за бизарни места и неоткриени загатки.

Тие никогаш не се себични и егоистични и секогаш наоѓаат време за семејството и пријателите.

Оган (6-7)

Луѓето под стихијата на огнот се вистински авантуристи затоа што сонуваат да тргнат на пат околу светот. Имаат практика пребрзо да „скокаат“ во нови работи.

Луѓето во овој елемент се љубезни и природни, знаат како да ги заинтересираат луѓето околу нив и се вешти соговорници.

Земја (8-9)

Оние луѓе кои се родени во елементот земја се сигурни и знаат како да ги постигнат своите цели. Тие детално ја анализираат секоја работа и никогаш не прават ништо избрзано.

Ова се луѓе кои сакаат дисциплина и ред, па секогаш живеат според својот план и принципи. Нивниот единствен страв е стравот од непознатото.

На кој елемент му припаѓате вие?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава