Идеално време за вежбање е 17 часот, за купување нови чевли 18 часот - Трикови кои го олеснуваат животот

Кафе: 14:15 часот

Нивото на ентузијазам за извршување на задачите е најниско во овој период од денот, така што на вашето тело му треба поттик. Пиењето кафе во овој период е вистинското решение.

Секс: 15 часот

Најдоброто време за водење љубов е околу 15 часот. Имено, некои истражувања покажале дека во попладневните часови, машките и женските хормони се поусогласени.

Чистење: 16 часот

Луѓето коишто имаат навика да чистат попладне не се соочуваат со толку проблеми, бидејќи тогаш координацијата на рацете и очите е на врвот, а расположението е на повисоко ниво.

idealno-vreme-za-vezhbanje-e-17-chasot-za-kupuvanje-novi-chevli-18-chasot-trikovi-koi-go-olesnuvaat-zhivotot-05.jpg

Вежбање: помеѓу 15 и 18 часот

Температурата на телото се зголемува во текот на денот, со што се оптимизира функцијата и силата на мускулите.

Затоа, најидеалното време за вежбање во теретана, трчање или некој друг вид физичка активност е во доцните попладневни часови.

Вечера: 17 часот

Идеалното време за вечерен оброк е приближно четири до пет часа по ручекот.

Помеѓу 17 и 18 часот метаболизмот работи брзо, а после тоа почнува да работи побавно.

idealno-vreme-za-vezhbanje-e-17-chasot-za-kupuvanje-novi-chevli-18-chasot-trikovi-koi-go-olesnuvaat-zhivotot-06.jpg

Купување чевли: 18 часот

Стапалата отекуваат во текот на денот, а подобро е да купувате чевли кога тие се отечени. Затоа, доколку сакате да бидете сигурни дека ќе имате чевли кои одлично ви прилегаат, одберете ги вечерта, после работа.

Во тоа време, вашите стапала ќе бидат максимално отечени. Доколку купувате чевли наутро, лесно може да се случи да почнат да ве стегаат попладне или приквечер.

Пиење пиво: 19 часот

Алкохолот побавно се апсорбира во крвотокот во раните вечерни часови, бидејќи и функциите на телото се забавуваат. Ова значи дека можете подобро да го толерирате пијалакот доколку не претерате со количината.

Туширање: 21 часот

Топлиот туш ја зголемува телесната температура, која почнува да опаѓа 15 минути подоцна. Ова може да придонесе за подобар сон бидејќи ќе станете поопуштени и поспани.

idealno-vreme-za-vezhbanje-e-17-chasot-za-kupuvanje-novi-chevli-18-chasot-trikovi-koi-go-olesnuvaat-zhivotot-07.jpg

Четкање и чистење на забите со забен конец: 21:45 часот

Устата не произведува толку многу плунка ноќе како во текот на денот, па храната останува меѓу забите, што го поттикнува развојот на штетни бактерии.

Доколку ги чистите забите со конец еднаш дневно, задолжително правете го тоа пред спиење. Секако, потоа добро исчеткајте ги со четка за заби.

Заспивање: помеѓу 22 и 23 часот

Во овој временски период, пулсот паѓа заедно со хормоните на стрес и телесната температура, што значи дека се чувствувате опуштено и подготвено за квалитетен сон.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...

Најчитани неделава