Избегале од шаторот без опрема на -20 степени, биле најдени без очи - мистериозната смрт на планинарите на Дјатловиот превој

Во 1959 година, девет планинари го изгубиле животот под мистериозни околности на планината Урал – нивните тела биле најдени понастрана од пресечениот шатор, а и покрај тоа што температурите биле 20-тина степени под нулата, нивната зимска опрема не била на нив. Скоро сите имале ужасни повреди, а некои од нив немале очи.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-01.jpg

Дјатловиот превој се наоѓа на планината Урал во Русија, а името го добил по кобен настан.

Во 1959 година, девет планинари го загубиле животот под мистериозни околности, по што превојот бил крстен по нивниот водич - Игор Дјатлов.

Поради мистеријата што ја опкружува оваа несреќа, постојат бројни теории на заговор, од кои дел вклучуваат дури и вонземјани и натприродни сили.

Иако експертите сметаат дека имаат логично објаснување за несреќата, сепак признаваат дека не се потполно сигурни што точно се случило.

Подготовки за планинарската тура

Во 1959 година, девет студенти од Русија на возраст од 21 до 24 години се договориле да направат тура до врв на планината Урал кој локалците го нарекувале „Мртва планина“ или „Планина на мртвите“.

Нивниот водич, 23-годишниот Игор Дјатлов, бил искусен планинар, а истото важело и за останатите осум студенти. По завршувањето на оваа тура, тие се надевале дека ќе го добијат највисокиот сертификат за планинарство во Советскиот Сојуз.

Во последен момент, на студентите им се придружил и 38-годишниот Семјон Золотарјов.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-08.jpg

Почетокот на турата

На 25 јануари, планинарската група со воз се упатила до гратче во Свердловската област. Потоа се упатиле кон село во областа, а на 27 јануари почнале со искачувањето.

Бидејќи еден од планинарите не се чувствувал добро, во последен момент се откажал и останал во селото.

Благодарение на фотографиите што ги правеле и записите во нивните дневници, експертите ја утврдиле патеката по којашто се движела групата.

Поради лоши временски услови, групата го изгубила патот, па на 31 јануари решиле да кампуваат додека да помине снежната бура.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-11.jpg

Трагедијата

Игор Дјатлов му кажал на неговиот спортски клуб дека ќе им испрати телеграма веднаш штом ќе се вратат во гратчето во Свердловската област.

Според плановите, телеграмата би требало да стигне на 12 февруари или неколку денови подоцна.

Но, дошол и 20 февруари, а од планинарите немало никаков глас. Тогаш нивните семејства побарале да се организира спасувачка мисија.

На 26 февруари спасувачите го пронашле шаторот на планинарите кој бил делумно затрупан со снег, но налетале и на многу бизарности.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-06.jpg

Најпрво, шаторот бил празен и исечен одвнатре. Во снегот имало стапки од девет луѓе, но било јасно дека биле само со чорапи, па дури и боси, без разлика што температурата веројатно била и -20 степени Целзиусови.

На околу 500 метри од шаторот, стапките биле прекриени со нов слој снег, но наскоро спасувачите ги нашле телата на планинарите.

Првите две тела биле пронајдени под огромно дрво, на почетокот на шума. Телата на планинарите биле без обувки и имале само долна облека. Под дрвото имало и знаци дека се обиделе да запалат оган.

Потоа биле пронајдени уште три тела помеѓу дрвото и шаторот и изгледало како тројцата планинари да пробувале да се вратат во шаторот.

За да се пронајдат телата на останатите планинари биле потребни повеќе од два месеца. Конечно, на 4 мај, тие биле пронајдени во дол со поток. И тие имале несоодветна облека.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-10.jpg

Истрага

Дел од планинарите имале навистина грозоморни повреди. Некои имале скршеници, дури и на черепот, а една девојка и едно момче биле најдени без очи.

Поради овие наоди, прво постоел сомнеж дека планинарите биле свирепо убиени. Сепак, подоцна се утврдило дека дел од повредите, како изгубените очи, настанале посмртно.

Со истрагата се утврдило дека планинарите умреле од хипотермија, а сите починале околу осум часа откако вечерале.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-03.jpg

Шаторот дефинитивно бил исечен одвнатре, но немало знаци дека планинарите биле нападнати од човек или животно.

Според трагите, сите го напуштиле шаторот пеш, а на дел од нивната облека имало мала доза радијација.

Страшните повреди веројатно биле предизвикани од силниот ветар, лошите временски услови, а можеби дури и снежна лавина.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-02.jpg

Бројни теории на заговор

Иако снежната лавина која ги натерала планинарите да избегаат од шаторот без опрема е најлогичното објаснување, многумина не веруваа во ова откако приказната повторно се прослави кон крајот на 1990-тите.

На пример, на местото каде што стоел шаторот немало никаков знак дека имало лавина. Истовремено, шаторот бил поставен на релативно рамно место каде што можноста за лавина била многу мала.

Дел од повредите на планинарите, пак, наводно било невозможно да настанат поради лавина.

Сето ова беше причина да се родат бројни теории на заговор за трагичната судбина на планинарите.

Според една теорија, тие настрадале поради многу редок, но екстремно силен планински ветер познат и како горњак. Овој ветер би ги натерал планинарите да избегаат од шаторот и да се скријат во дол или помеѓу дрвја.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-09.jpg

Постои верување дека планинарите слушнале експлозив од тајни воени тестови во областа поради што испаничиле и избегале од шаторот без соодветна облека.

Додека овие теории звучат логично, постојат и многу полуди, најмногу бидејќи извесен период истрагата се чувала во тајност.

На пример, некои мислеле дека планинарите се убиени од вонземјани бидејќи наводно тој период во областа било забележано НЛО.

Други верувале дека тие биле жртви на некое суштество како Јети или, пак, некое тајно владино оружје.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-12.jpg

Нова истрага

Две истраги за случајот кои биле завршени во 2019 и 2020 година сепак покажале дека снежната лавина е најверојатната причина за трагедијата.

Овојпат истражувачите ги зеле предвид сите контрааргументи за оваа теорија, како и нови докази за местоположбата на шаторот и околината во којашто се наоѓал.

Користејќи дигитална симулација, тие тестирале дали во тие услови би можела да настане лавината која ги натерала планинарите во последен момент да го напуштат шаторот без соодветна опрема.

Дел од поврдите веројатно настанале поради ветриштата, а планинарите кои биле без очи биле пронајдени во поток, па веројатно им биле отстранети посмртно од струјата на водата.

На крај, експертите дошле до заклучок дека ова е веродостојна теорија.

Истовремено, со оваа истрага тие сфатиле дека планинарите пробале да си помогнат едни на други на сметка на нивните животи.

„Кога планинарите одлучиле да побегнат, тие се погрижиле и за нивните повредени пријатели – не оставиле никој зад нив. Мислам дека ова е прекрасна приказна за храброста и пријателството пред бруталната сила на природата.

Ние не тврдиме дека ја решивме мистеријата за Дјатловиот превој бидејќи никој не преживеал за да ја раскаже приказната. Но, за првпат покажавме дека хипотезата за снежната лавина е веродостојна“, изјави еден од истражувачите.

izbegale-od-shatorot-bez-oprema-na-20-stepeni-bile-najdeni-bez-ochi-misterioznata-smrt-na-planinarite-na-djatloviot-prevoj-12.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg