Единствениот град во светот кој со закон забранува смрт, жителите носат пушки, а во ресторани влегуваат исклучиво боси (фото)

Сместен во норвешкиот архипелаг Свалбард, градот Лонгјербијен е најсеверното постојано населено место во светот, до кое може да се пристапи без никакви проблеми. Посебно е интересно затоа што тука, од 1950 година, е забрането да се умре.

Edinstveniot-grad-vo-svetot-kade-e-zabraneto-da-se-umre-01.jpg

Сепак, тоа не е единствената чудна работа во неговото секојдневие. По патиштата ќе забележите дека речиси сите носат светлечки елеци, додека во рестораните влегуваат боси и никогаш не носат чевли. На рамениците на насмеаните минувачи им висат пушки, но за сè постои многу добра причина.

https://www.instagram.com/p/CfBx5LmoWhT/

Лонгјербијен е едно од најсеверните населени места на Земјата и најголемиот град во норвешката провинција Свалбард.

Основан е од американскиот претприемач Манро Лонгјер во 1906 година, кога водел дури 500 рудари кои ископувале јаглен во областа. Тие биле првите жители на населбата.

Денес овде живеат околу 2.100 луѓе кои секојдневно се борат со екстремно ниските температури, но истовремено уживаат во спокојството што го носи северната изолација.

View this post on Instagram

A post shared by Gjestehuset 102 - Svalbard 🏠 (@gjestehuset102.svalbard)

Во Лонгјербијен нема класични домородци бидејќи сите тие емигрирале од други градови во потрага по работа или образование. Сепак, има неколку семејства кои го населуваат градот со генерации, но повеќето луѓе генерално не остануваат доволно долго.

Поради тоа, улиците никогаш не биле именувани, туку биле користени само бројки за нивно обележување.

Никогаш нема да видите мачки по улиците. Немојте да мислите дека ова е колективна аверзија кон овие животни, туку причината за тоа е фактот што Свалбард е природно живеалиште на арктичките птици. За да не се загрозат животите на жителите, властите едноставно забраниле чување на мачки.

Причината пак, поради која речиси сите жители носат пушки на рамениците, па дури и туристичките водичи, е претпазливоста во случај на напад на мечка.

До денес не се забележани блиски средби со ова поларно животно, но сметаат дека секогаш е добро да се биде претпазлив. Затоа во градот има дежурни луѓе кои патролираат во две смени, особено околу училиштето и градинката.

?

При влегување во ресторани, жителите го оставаат оружјето и ги соблекуваат чевлите. Оваа стара традиција се практикувала со цел луѓето да не носат снег и вода однадвор, но и затоа што ова некогаш било рударско гратче, па покрај снегот, од чевлите паѓал и јаглен.

Затоа пред повеќето хотели и ресторани ќе видите предупредување дека мора да влезете боси, но на такви места ќе ве пречекаат со папучи.

Лонгјербијен е обвиен во целосен мрак од крајот на јуни до средината на март. Затоа многумина доаѓаат во овие краишта за да ги искусат прекрасните поларни светла на небото. Поради долгите темни ноќи, повеќето луѓе на патот секогаш одат со рефлективни елеци.

Ако мислевте дека никогаш нема да слушнете дека има место на Земјата каде што е забрането да се умре, се лажете. Малите гробишта во градот повеќе од 70 години немаат добиено нови „станари“, а причината за тоа е сосема логична.

Имено, научниците откриле дека телата во овој предел едноставно не се распаѓаат поради постојано замрзнатата почва. Тајната на вечната младост на телото лежи во вечниот мраз кој го спречува распаѓањето.

Ова, пак, претставува опасност од смртоносни вируси кои може да преживеат и на тој начин се ризикуваат многу животи доколку еден ден вечниот мраз се одмрзне.

Овие сомнежи ги потврдија истражувачите од Алјаска и Лонгјербијен кога на ископаните трупови пронајдоа траги од шпански грип.

Телата на луѓето кои ненадејно починуваат се погребуваат надвор од градот. Покрај тоа, речиси е невозможно да се ископа гроб во вечен мраз, па останките обично се кремираат.

Лонгјербијен е навистина уникатно и необично место, но доколку вреди да се посети поради едно нешто, тоа секако би бил феноменот Аурора Бореалис.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg