14 совети за безбедност што можат да ви го спасат животот и треба да ги знаете
Ако удрите во бандера и таа се сруши, немојте никако да излегувате од автомобилот и веднаш повикајте помош. Ако жиците од бандерата се скинати, постои огромна веројатност да ве фати струја ако излезете од автомобилот.

Ако имате мала рана која крвави, а сте далеку од болница, можете да искористите тутун од цигара. Тутунот има антисептички својства и колку-толку ќе ги спречи инфекциите додека да стигнете до лекар.

Користењето тапи ножеви во кујна може да биде многу поопасно од користењето наострен нож. Тапите ножеви полесно се лизгаат од храната, што значи постои поголема можност да се пресечете.

Ако се најдете во шума без вода и храна, не заборавајте дека водата е приоритет. Човечкото тело може да издржи неколку денови без храна, па прво пробајте да најдете вода за пиење. Потоа најдете засолниште каде што ќе можете да преноќите, па дури потоа тргнете во потрага по храна.

Ако паднете во брза река, секогаш пливајте дијагонално кон брегот, во насока на текот на реката. На овој начин ќе ја искористите силата на реката за побрзо да стигнете до брегот.

Ако се сомневате дека некој има мозочен удар, речете му да се насмевне – ако ја придвижи само едната половина од лицето, најверојатно станува збор за мозочен удар и треба веднаш да повикате брза помош.

Ако забележите дека на улица куче се подготвува да ве нападне, никако немојте да почнете да трчате – тогаш кучето ќе ве гледа како плен и ќе почне да ве брка. Наместо тоа, продолжете да се движите смирено и не го гледајте во очи. Ако кучето почне да трча кон вас, застанете исправено пред него и викнете гласно (повикајте и помош) – со ова ќе изгледате поголеми и тоа ќе се исплаши.

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото)
„Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“
„Вреснав...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“
„Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат
Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото)
„Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су...
На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнина...
„Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува...