8 работи на кои обично сакаме да заштедиме, но вреди да дадеме повеќе пари

Квалитетната заштитна маска за вашиот смартфон е паметна инвестиција бидејќи ќе ви го заштити телефонот при паѓање, па нема да мора да давате пари за поправки.

8-raboti-na-koi-obichno-sakame-da-zashtedime-no-vredi-da-dademe-povekje-pari-01.jpg

За некои работи навистина не вреди да даваме многу пари. Ако и поевтината варијанта е исто квалитетна или станува збор за нешто што ќе го употребиме еднаш-двапати, логично е да не сакаме да трошиме многу.

Сепак, за некои работи навистина треба да дадеме повеќе пари, дури и ако не ни се чини така.

Осум вакви работи во продолжение:

Топли чорапи

Дебелите топли чорапи можат да направат голема разлика во зимските месеци.

Обично овие чорапи се поскапи од „обичните“, и навистина вреди да дадете некој денар повеќе.

Постојат и поевтини модели, но тие обично се изработени од синтетички материјали кои не ѝ дозволуваат на кожата да дише.

Ова значи дека побрзо ги потат стапалата, а со тоа го зголемуваат ризикот од појава на габични инфекции.

8-raboti-na-koi-obichno-sakame-da-zashtedime-no-vredi-da-dademe-povekje-pari-02.jpg

Ортопедски влошки за чевли

Обично не помислуваме дали чевлите ни да ја даваат потребната потпора на телото, особено ако поголемиот дел од денот го минуваме во седење.

Ортопедските чевли можат да бидат многу поскапи, но затоа, пак, можете да купите ортопедски влошки кои се ставаат во сите чевли.

Важно е да не штедите на овие влошки, посебно ако имате работно место кое бара да стоите или да се движите во поголемиот дел од денот.

Квалитетните ортопедски влошки можат да спречат многу проблеми, како неправилно држење на телото и болки во нозете, па и грбот.

8-raboti-na-koi-obichno-sakame-da-zashtedime-no-vredi-da-dademe-povekje-pari-03.jpg

Заштитна маска за телефон

Смартфоните стануваат сè поскапи и сите сакаме да ни служат барем неколку години.

Смартфоните се и многу поделикатни од старите телефони со копчиња, што значи мораме да ги заштитиме.

За да не давате многу пари за да ви го поправат скршениот телефон, подобро е да не штедите на заштитната маска.

Исто така, избегнувајте ги пластичните модели кои не го апсорбираат шокот од падот – материјалите како силикон се многу подобар избор.

8-raboti-na-koi-obichno-sakame-da-zashtedime-no-vredi-da-dademe-povekje-pari-04.jpg

Кремови за лице

Не значи дека најскапиот крем за лице ќе биде и најдобар за вас, но кога станува збор за овој продукт, не треба да одбирате по цена.

Односно, не треба да купите некој крем за лице само затоа што е најевтин.

Малку поскапите кремови имаат подобар квалитет, а со тоа се намалува ризикот од појава на иритација или некоја алергиска реакција. Секако, не сите скапи кремови значи дека се и добри за вас. Истражете.

8-raboti-na-koi-obichno-sakame-da-zashtedime-no-vredi-da-dademe-povekje-pari-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава