Убивање жени бидејќи се „вештерки“ и уште 3 бизарни случаи на масовна хистерија

Масовен страв од кловнови

Ова е релативно нов случај и можеби се сеќавате на него.

Во 2016 година, многу луѓе од САД и Канада почнаа да пријавуваат дека виделе лица облечени како злобни кловнови по улиците.

Феноменот започна на почетокот од август, кога беа споделени пет фотографии од морничав кловн кој наводно навечер се движел во област во Висконсин.

Фотографиите станаа вирални, па набрзо се дозна дека биле дел од рекламна кампања за тогаш необјавен краток филм насловен Gags.

Сепак, по инцидентот во Висконсин, Американците од другите делови на САД почнаа да пријавуваат дека виделе морничави кловнови.

Благодарение на интернетот, целиот свет дозна за оваа необична појава, па наскоро и луѓето од други земји почнаа да забележуваат кловнови.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-07.jpg

До октомври 2016 година имаше пријави од речиси сите држави во САД, девет провинции во Канада и 18 други држави.

Сето ова беше придружено и со гласини дека овие луѓе облечени како кловнови убиваат.

Пред хистеријата да стивне, во САД имаше и најави за масовни напади од кловнови на Ноќта на вештерките. Не се случи ништо во голем размер, но семејство од Флорида навистина беше нападнато од 20-тина луѓе кои носеле маски на кловн.

Никој не бил уапсен за инцидентот, а оттогаш драстично се намали бројот на видени кловнови.

Иако е јасно дека некои луѓе сигурно ја искористиле масовната паника, па се шегувале шетајќи наоколу облечени како клонови, засега останува мистерија дали повеќето навистина гледале кловнови-убијци, и тоа низ скоро 20 земји во светот.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-10.jpg

Танцувачка епидемија

Сличен случај како учениците кои имале напади на смеење, но овојпат станува збор за танцување.

Во јули 1518 година, жена почнала да танцува многу „жестоко“ на улица во Стразбур, а набрзо многу други луѓе почнале да го прават истото.

Според историските записи, сите луѓе кои биле „заразени“ танцувале од непозната причина, а танцувањето траело толку долго, што се замешале лекари и свештени лица кои почнале да ги хоспитализираат „заразените“.

Постојат гласини дека некои луѓе умирале од премор бидејќи не можеле да престанат да танцуваат, но нема официјални документи што го потврдуваат ова.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-08.jpg

Малку се знае за овој настан, но тоа не значи дека експертите немаат свои теории.

Некои веруваат дека можеби „заразените“ биле изложени на вид габи кои можат да се појават на житото. Овие габи имаат ефект сличен на ЛСД.

Други, пак, веруваат дека тешкиот живот на луѓето во овој период бил причина за екстремен стрес, а ова резултирало со масовната хистерија.

Во оваа област, луѓето се соочувале со глад и сиромаштија, па дефинитивно не биле во најдобра ментална состојба.

Низ историјата се забележани уште неколку вакви случаи на „танцувачка“ епидемија, од кои повеќето се во Европа.

epidemija-na-smeenje-i-ushte-3-bizarni-sluchai-na-masovna-histerija-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg