Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


47 дена била сама во дивината, торнадо ја фрлило низ прозорец: 5 луѓе кои преживеале вистински кошмари

Рита Чретен поминала 47 дена во дивината

Во март 2011 година, Рита Чретен и нејзиниот сопруг Алберт од Британска Колумбија, тргнале кон Лас Вегас со нивното комбе.

Парот немал искуство со толку долго патување со возило и целосно се потпирале на GPS уредот за навигација.

На 20-ти март, нивното комбе се расипало среде дивината во Невада, далеку од какво било населено место.

Времето било студено, па по два дена Алберт тргнал да бара помош. За жал, не стигнал далеку и премрзнал до смрт на околу осум километри од најблиското населено место.

Рита останала во комбето сè до 6-ти мај, односно цели 47 дена. На 48-иот ден, била пронајдена од ловци, а подоцна сподели дека тогаш веќе изгубила надеж.

Рита едвај преживувала со мала количина јаткасти плодови и слатки што ги понеле со сопругот по пат. Кога ги слушнала возилата на ловците, таа веќе била подготвена да умре.

Телото на сопругот било пронајдено дури во септември истата година, по што властите изјавија дека покажал огромна храброст штом тргнал сам низ планините без соодветна опрема, и тоа додека врнело снег.

ludi-prikazni-za-lugje-koi-prezhiveale-vistinski-koshmari-06.jpg

Џенис Олсон била пресечена на половина поради рак

Во 2010 година, Џенис Олсон од САД била дијагностицирана со редок рак кој зафатил дел од карличната коска.

Лекарите ѝ кажале дека единствениот начин да ја спасат е буквално да ја пресечат на половина, да го отстранат канцерогеното ткиво, па да ја зашијат.

Ова значело дека ќе ја изгуби десната нога, а левата ќе ѝ биде пресечена, а потоа повторно зашиена за телото. Истовремено, лекарите не биле сигурни дали воопшто ќе можат да ѝ ја вратат левата нога.

Ниту еден хирург претходно не се осмелил да ја направи оваа операција на жив човек, но Џенис прифатила бидејќи немала друг избор.

По две операции кои траеле 28 часа, процедурата се покажала успешна.

По операциите, на Џенис ѝ требало долго време да закрепне и сега користи инвалидска количка, но вели дека не се жали и дека среќна што е жива.

ludi-prikazni-za-lugje-koi-prezhiveale-vistinski-koshmari-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg