6 (одвратни) факти за хигиената на Европјаните во минатото

Големите бели перики кои биле особено популарни кај богатите мажи биле полни со вошки бидејќи ретко кога ги миеле. Кои други детали за хигиената на Европјаните ќе ве натера да бидете благодарни што живеете во модерно време?

6-odvratni-fakti-za-higienata-na-evropjanite-vo-minatoto-01.jpg

Поради незнаење, но и сиромаштија, Европјаните во минатото не обрнувале многу внимание на хигиената, а повеќето немале ни услови за тоа.

Никој не знаел дека постојат штетни бактерии и микроорганизми, градовите немале канализации, а не постоеле ни продукти за хигиена какви што имаме денес.

Па, до кај 18-тиот век, хигиената во Европа била на загрижувачки ниско нив.

Постои и забавна анегдота за францускиот крал Луј XIV која одлично го прикажува ова. Се верува дека кралот се избањал само двапати во животот.

Вториот пат се избањал по препорака од лекар – имал главоболки, па лекарот помислил дека бањањето ќе му помогне. Бањањето не му ги излекувало главоболките и кралот никогаш повторно не се избањал.

Неколку факти за хигиената на Европјаните во минатото:

Оделе во тоалет во спалната соба

И пред човекот да ја измисли канализацијата, во некои замоци имало тоалети. Но, ова бил луксуз во кој уживале само оние кои живеел во замоците.

Другите луѓе морале да се снаоѓаат како знаат, а ова било вистински предизвик навечер.

Па, за да не излегуваат од домот кога е темно, тие оделе во тоалет во посебни садови за таа намена.

Овие садови си останувале наполнети до утрото, и тоа во нивната соба.

6-odvratni-fakti-za-higienata-na-evropjanite-vo-minatoto-02.jpg

Користеле лисја наместо тоалетна

Тоалетната хартија е измислена во 1857 година.

Дотогаш, луѓето неретко користеле лисја кога оделе во тоалет во природа.

6-odvratni-fakti-za-higienata-na-evropjanite-vo-minatoto-03.jpg

Големите перики обично имале вошки

Огромните бели перики што биле особено популарни кај богатите мажи се чистеле многу ретко.

Па, во периките често имало вошки, а луѓето добивале секакви иритации на главата од нив.

6-odvratni-fakti-za-higienata-na-evropjanite-vo-minatoto-04.jpg

Уште четири факти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

7 популарни имиња со силно значење за момчиња и девојчиња родени во октомври Ако вашето бебе треба да се роди во октомври, а вие и понатаму немате избрано им...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg