7 популарни имиња со силно значење за момчиња и девојчиња родени во октомври

Ако вашето бебе треба да се роди во октомври, а вие и понатаму немате избрано име, прочитајте кои имиња за момчињата и девојчиња родени овој месец означуваат сила и се меѓу најпопуларните во светот.

7-popularni-iminja-so-silno-znachenje-za-momchinja-i-devojchinja-rodeni-vo-oktomvri-01.jpg

Бебињата родени во октомври се Вага или Скорпија во хороскоп - два сосема спротивни знаци. Но, заедничко им е тоа што се љубезни, полни со енергија и секогаш насмеани.

Овие деца, поради својот ведар дух, брзо стануваат центар на внимание во своето друштво.

Дури и имињата кои им одговараат најмногу на овие деца се такви – шармантни, моќни и носат скриена порака која ја покажува нивната внатрешна сила.

Ако вашето бебе треба да се роди во октомври, а вие и понатаму немате избрано име, прочитајте кои се некои од најпопуларните имиња за момчиња и девојчиња родени овој месец.

Јулија

Името со латинско потекло е едно од најшармантните имиња за девојчињата родени во октомври. Неговото значење е „оригиналност и свежина“ поради што се пренесува и на денешните генерации и звучи модерно дури и во 21-иот век.

Мартин

Ова име од латинско потекло се врзува со римскиот бог на војната, Марс. Се верува дека момчињата што го носат ова име се силни, храбри, харизматични и енергични.

Изабела

Ова име со хебрејско потекло е меѓу омилените во Европа последниве децении. Означува шарм, нежност и софистицираност.

7-popularni-iminja-so-silno-znachenje-za-momchinja-i-devojchinja-rodeni-vo-oktomvri-02.jpg

Јан

Ова име со галско потекло станува сè попопуларно на балканските простори, а означува сила.

Ана

Ана означува добрина и великодушност. Ова е библиско име чија популарност не престанува. Се смета дека е едно од најчесто користените имиња за девојчиња во светот.

Габриела

Името за девојчиња со хебрејско потекло има значење – божествена сила. Ова интересно име асоцира и на девојчиња кои се шармантни и слатки.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас...
„Дознав дека маж ми е педофил – ми се гади од пораките што ги праќал до девојчиња, во затвор е за си... „Ми се јави сопругот и ми кажа дека го испрашувале во полиција. Бил под истрага ...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
Никола, Ана: Имиња кои означуваат среќа и се благослов за тие што ги носат Лука - Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg