Никола, Ана: Имиња кои означуваат среќа и се благослов за тие што ги носат
Лука - Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години е на листата на најпопуларни во Македонија.

Да се избере име за своето бебе е навистина тешка одлука. Дали вие долго се мислевте за името на вашето дете или брзо одлучивте со вашиот партнер?
Или, пак, ако допрва планирате да имате бебе, тогаш можеби оваа наша листа за имиња кои симболизираат среќа - ќе ви помогне.
Имиња кои означуваат среќа:
Лука
Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години е на листата на најпопуларни во Македонија.
Богдан
Ова име значи „Божји дар“, симболизира среќа и благослов.
Михајло
Класично машко име чие значење всушност е реторичко прашање: „Кој е како Бог?“. Има силна, заштитничка симболика.

Јован
Значи „Бог е милостив“, а друга варијанта на ова име е Иван. Името Јован често го добиваат момчиња родени во јануари, кога се слави празникот Свети Јован Крстител.
Теодор
Значи „Божји дар“ и често се смета за име што носи среќа.
Ана
Класично име кое секогаш е популарно, се поврзува со благосостојба и љубов, и значи „милостива“.
Милица
Име кое често се толкува како „милостива“, „слатка“, а се поврзува со среќа и љубов.

Ивана
Ова име носи симболика на благослов, а значењето е „Бог е милостив“.
Стефан
Име кое е поврзано со владеење и божествени благослови.
Никола
Значи „оној што победува“ и често се смета за име кое носи среќа и успех.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
