6 уникатни имиња за девојчиња, инспирирани од боите

Безвременски, уникатни и инспирирани од боите со кои е опкружен светот околу нас, би му дале ли некое од овие имиња на вашето дете?

6-unikatni-iminja-za-devojchinja-inspirirani-od-boite-01.jpg

Доколку се мислите за женско име за бебе, можеби овие идеи ќе ви помогнат да се инспирирате.

Ако сте за нешто уникатно, инспирирано од боите, имаме неколку предлози, можеби токму значењето ќе ви биде пресудно.

Бјанка – италијанско име изведено од зборот bianco за бела боја, а значењето освен тоа симболизира светла, бистра и чиста.

Алба – потекнува од латинскиот збор albus, а се преведува како бела, или онаа со бела коса и симболизира нови почетоци и сила.

Роза – синоним за розова боја во нашите јазици, а влече корени од латинскиот збор rosa, што значи роза – симбол на убавина, љубов, женственост и чистота.

Олива (Оливија) – потекнува од латинскиот збор oliva или маслинка, маслинеста боја, симболизира мир и плодност.

Ирис – потекнува од грчката митологија, божица на виножитото, онаа која ги поврзува небото и земјата, а симболизира префинетост и убавина.

Виолета – потекнува од латинскиот збор viola, што означува виолетова боја или цветот темјанушка, а означува невиност, скромност и убавина.  

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Никола, Ана: Имиња кои означуваат среќа и се благослов за тие што ги носат Лука - Име кое често се поврзува со светлина и добри работи, а последниве години...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
„Дознав дека маж ми е педофил – ми се гади од пораките што ги праќал до девојчиња, во затвор е за си... „Ми се јави сопругот и ми кажа дека го испрашувале во полиција. Бил под истрага ...
Импресивни и уникатни работи што може да ги видите во земјите ширум светот (фото) Смешна реконструкција на скелет на изумрено животно, граница меѓу две држави кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg