Зготвила делови од дечко ѝ, медицинска сестра убивала деца – 5-те најзлобни жени кои живееле во последните 100 години

Ирма Грес

Како Илза, и Ирма работела како чувар во нацистички логор за време на Втората светска војна.

Пред да наполни 17 години, таа отишла на обука во еден логор, а набрзо потоа вила вработена во Аушвиц.

Овде, Ирма одбирала кои затвореници ќе одат во гасните комори, а според сведоштвата на некои преживеани од логорот, честопати ги силувала.

Исто така, Ирма ги тепала жените со камшик, а постојат и сведоштва дека дозволувала нејзините прегладнети кучиња да ги напаѓаат затворениците.

ubistva-kanibalizam-mornichavite-zlodela-na-najzlobnite-zheni-vo-poslednite-100-godini-08.jpg

Ирма вршела и физичка, и психичка тортура на затворениците и сакала сите да се плашат од неа.

По судењето во 1945 година, Ирма била прогласена за виновна и осудена на смрт.

Според изворите, ноќта пред да биде убиена, Ирма пеела нацистички песни, па веројатно не чувствувала ни трошка жалење за тортурата што им ја предизвикала на затворениците.

ubistva-kanibalizam-mornichavite-zlodela-na-najzlobnite-zheni-vo-poslednite-100-godini-09.jpg

Кетрин Најт

Кетрин е првата жена во историјата на Австралија која добила доживотна казна затвор без можност за помилување, а сето ова за едно грозоморно убиство.

Кетрин пораснала во нефункционално семејство. Нејзината мајка Барбара била во врска со маж кој бил алкохоличар и кој ја силувал по десетпати дневно.

Поради ова, Барбара честопати ѝ кажувала на Кетрин дека мрази секс и ги мрази мажите. Најверојатно и самата Кетрин била жртва на сексуално насилство до 11-годишна возраст.

Во 1974 година Кетрин се венчала со Дејвид Келет кој бил алкохоличар.

На првата брачна ноќ, таа пробала да го задави Дејвид, наводно бидејќи заспал откако имале секс само три пати.

Нивниот брак бил мошне насилен и по некое време се разделиле.

Потоа Кетрин имала уште неколку токсични врски, пред да почне насилна врска со Џон Прајс кој имал деца од претходен брак.

ubistva-kanibalizam-mornichavite-zlodela-na-najzlobnite-zheni-vo-poslednite-100-godini-10.jpg

Ситуацијата кулминирала во 2000 година, кога Кетрин го прободела Џон со нож, по што тој ја избркал од дома. Тој побарал и забрана за приближување до него и нивните деца со надеж дека ќе ги заштити.

Следниот ден Кетрин сепак се вратила во нивниот дом и се однесувала како да не се случило ништо, а децата ги испратила да преспијат кај пријател.

2-3 дена подоцна, шефот на Џон се загрижил бидејќи тој не се појавил на работа и не се јавил. Отишол кај него дома да го провери, кога забележал крв на подот пред вратата, по што викнал полиција.

Кога дошле, полицајците го нашле масакрираното тело на Џон, а до него била Кетрин која била коматозна состојба поради голема количина апчиња.

Кетрин го избодела Џон најмалку 37 пати со голем нож додека спиел. Потоа му ја одрала кожата и пресекла неколку делови од неговото тело кои ги зготвила.

Потоа ја поставила масата и на чиниите ги напишала имињата на децата. Што значи, Кетрин планирала да ги натера децата да го изедат нивниот татко.

Најверојатно, самата не јадела од човечкото месо.

Кетрин вели дека не се сеќава на злоделото и ова можеби е точно поради голема количина апчиња што ја испила.

На судењето, Кетрин не покажала никакво каење за злоделото, а ова, заедно со бруталноста на убиството, го натерале судијата без двоумење да ѝ даде доживотна казна затвор, без можност за помилување.

Моментално Кетрин е во затвор во Нов Јужен Велс.

ubistva-kanibalizam-mornichavite-zlodela-na-najzlobnite-zheni-vo-poslednite-100-godini11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава