Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите детали за скандалозниот и нелегален проект на ЦИА за контролирање на луѓе (опојни супстанции и физичка тортура)

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-07.jpgДвајца научници изведуваат експеримент со LSD 

Истражувачите подметнувале ЛСД и на вработени во ЦИА, воени лица, лекари, владини агенти и цивили, и ги набљудувале нивните реакции.

По примањето на дозата, дел од жртвите биле испрашувани во силно осветлени простории, а ако станеле свесни дека се дрогирани, добивале закани по живот.

За појаснување, ЛСД е многу моќна психоактивна дрога која, меѓу другото, предизвикува и визуелни халуцинации. Несаканите ефекти вклучуваат анксиозност, параноја и делузија, кои се појавуваат дури и откако ќе помине дејството на дрогата.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-08.jpgМаж кој своеволно се пријавил за експеримент со ЛСД во 1966 година, неповрзан со MK-Ultra

Луѓето кои користат ЛСД своеволно, земаат многу мали количества. Жртвите на ЦИА добивале огромни дози, некогаш и по десетици денови по ред. Па, можете само да замислите во каква ментална состојба биле.

ЦИА не запрела со ЛСД – почнале да експериментираат и со други дроги, како хероин и морфиум.

На некои жртви им инјектирале амфетамин во едната рака, а во другата барбитурати (група антидепресиви). Прво инјектирале барбитурати, а кога жртвата ќе заспиела, ѝ инјектирале амфетамин за да се разбуди.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-09.jpg

Декласифицирани документи на ЦИА укажуваат на тоа дека во почетокот на проектот се користела и хипноза.

Дел од експериментите вклучувале и индуцирање анксиозност со хипноза.

Некогаш на жртвите се користеле и електрошокови, до 40 пати посилни од вообичаено.

Кај дел од испитаниците била индуцирана кома, а во позадина им се пуштале звуци како гласна врева или постојано повторување на некоја фраза.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-10.jpgТретман со електрошокови (неповрзан со MK-Ultra)

Во 1973 година, веднаш по скандалот Вотергејт што кулминираше со оставка на претседателот Ричард Никсон, тогашниот директор на ЦИА почнал да се плаши дека ќе бидат разоткриени.

Па, наредил да бидат уништени сите документи поврзани со МК-Ultra.

По неговата наредба, биле уништени сите, освен околу 8.000 страници кои по грешка се наоѓале во потполно друга зграда.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-11.jpg

Во 1974 година, The New York Times објави колумна во која ја обвини ЦИА за изведување нелегални експерименти врз државјани на САД.

Во 1977 биле откриени неуништените документи и била почната сериозна истрага. Сепак, бидејќи биле нецелосни, многу детали останале непознати и всушност никој не бил обвинет за проектот.

Во 1985 година, беше објавено дека MK-Ultra не бил само еден проект.

Ова биле 162 различни проекти кои биле индиректно финансирани од ЦИА, а на нив се работело на разни универзитети, истражувачки центри и слични установи.

Дел од проектот биле вкупно 80 институции и 185 истражувачи, а повеќето од нив ги вршеле грозните истражувања несвесни дека работат за ЦИА.

prisilno-davanje-lsd-fizichka-tortura-shto-znaeme-za-nelegalniot-proekt-mk-ultra-na-cia-za-kontroliranje-lugje-12.jpgИнститут во Канада каде што се вршеле дел од експериментите

По обелоденувањето на проектот, бројни жртви поднесоа тужби, а американските власти до последно одбиваа да ја прифатат вината.

Сепак, дел од жртвите добија финансиски надомест.

Во 2001 година, ЦИА декласифицира дел од „преживеаните“ документи и тврди дека денес е прекината секаква активност во врска со проектот.

Досега никој не одговарал за тортурата што ја трпеле бројните испитаници.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фотки кои ќе ве утешат на лош ден: Луѓе кои никако не ги следи среќа Скршена виолина по авионски лет, телефон прободен со стрела – кога имате лош ден...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg