Пресметајте го вашиот личен број – откријте ги вашите адути и мани
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
ВОЗАЧИ 27-03-2020


Пресметајте го вашиот личен број – откријте ги вашите адути и мани

Со собирање на цифрите од вашиот датум на раѓање ќе добиете личен број кој прецизно ги опишува вашите какартерни особини.

presmetajte-go-vasiot-licen-broj-otkrijte-gi-vasite-prednosti-i-mani

Пресметајте го вашиот личен број на следниот начин:

Пример: родени сте на 15.08.1955г

1+5+8+1+9+5+5 = 34 = 3+4 = 7

Значење на броевите:

1 - ЕДЕН
Вие сте личност која секогаш оди чекор пред времето. Заштитник сте на новите идеи. Често големите водачи биле родени во знакот на овој број. Едноставно поседувате моќ на уверување. Амбициозни сте, можеби малку претерано, тешко се откажувате од своите идеи, поради што имате потешкотии во животот. Но, вие од ништо не се плашите.

2 – ДВА
Вие сте вистинска уметничка душа. Создадени сте за љубов, за давање и делење. Поважна ви е суштината од формата. Ако немате љубов, тогаш немате ништо. Но, ретки се личностите родени во овој знак кои што немаат љубов. Вашата внатрешност е толку привлечна што ретко кој останува ладен. Можете да осовоите секого, само треба да посакате.

3 - ТРИ
Личност која стои цврсто на земја. Реално се набљудувате себе си и светот околу вас. Не сте склони кон фантазии и залажувања. Тоа ве прави добар пријател, никому нема да му се „улизувате“, но нема да бидете ниту претерано цинични. Имате вистинска мерка за сè, па тоа ви создава проблеми во односите со спротивниот пол. Не можете без љубов, но нема ниту премногу да трпите поради некои возвишени чувства. Поради тоа, често сте несреќни.

4 – ЧЕТИРИ
Снаодливи сте и практични. Не сте склони кон фантазии, ниту забошотувања. Вие сте личност од доверба, она што ќе го ветите и ќе го исполните. Премногу сериозно го сфаќате животот, не знаете да се забавувате. Истата одговорност ја очекувате од личностите што ве опкружуваат и поради тоа често пати сте нетолерантни кон пријателите и кон љубовниците.

5 – ПЕТ
Имате одличен дух. Имате сè што би тебало да го има една совршена личност. Забавни сте, интелигентни, весели, но не премногу, ја цените љубовта, пријателите, оптимистични сте... Ако се сетите на било која позитивна особина, слободно додајте ја на листата, бидејќи вие сигурно ја поседувате.

6 – ШЕСТ
Вие сте исклучително нежна личност. Чувствителни сте и полни со разбирање за сите. Нежни сте како психички, така и духовно. Лесно може да ве повредат. Вие сте уметничка душа, имате чувство за убаво, а и самите сте изразено убави. Освојувате на прв поглед, а луѓето уште повеќе ве сакаат откако ќе ве запознаат.

7 – СЕДУМ
Вие сте изразен мислител, но при тоа сте и практични. За вас би се рекло дека поседувате практична интелигенција. Паметни сте и знаете својата памет да ја искористите. Често знаете да ги искористите своите мозочни потенцијали за кои другите само можат да фантазираат. Неретко личностите родени под овој број се пророци, мистици, филозофи...

8 – ОСУМ
Сè кај  вас има практична вредност, сè работите во своја корист. За вас и љубовта е корисна, па не влегувате во врска без да размислите за користа која би можела таа да ја донесе. Исто така, вашите пријатели ви се деловни партнери, личности од кои би имале корист. Не сте негативна личност, само сте практични.

9 – ДЕВЕТ
Ако некому му треба совет како да постапи, нека ви се обрати вам. Вие секогаш знаете што е правилно, а што не е. Искреноста е ваша најголема доблест и темел на кој го градите својот живот. Ве красат и мноштво други позитивни особини и вистинско богатство е да ве има човек во својата близина.

Каков резултат добивте?

Би можело да ве интересира:

Кој е вашиот најголем страв и што открива тоа за вас? Вашиот најдлабок и најмрачен страв открива по нешто ново за вашиот карактер. ...
Нумерологија: Пресметајте дали вашето име е магнет за пари Комбинација од броеви и вашето име можат да откријат дали парите лесно ќе ви дој...
Колку факти знаете за животинскиот свет? Светот содржи отприлика 8.7 милиони животински видови, па не е ни чудно што сè у...