Квиз: Кој лаже?

Дали можете да препознаете која некој ве лаже? Дали може да процените кога некој сака да ве „намести“? Овој квиз ќе ви помогне да си ја истренирате интуицијата и да ги следите логичките и очигледни знаци.

kviz-koj-laze-001.jpg

Не заборавајте добро да ја анализирате ситуацијата пред да донесете заклучок.

Внимателно следете го секој детаљ и не избрзувајте, ако сакате подобро да се справите со лагите на негативците во вашиот живот.

Може да почнете:

Кој лаже?
  1. 1.

    Прв случај:

    Една жена си ја поканила пријателката на ручек. Направила пире од компири и печено месо, а за десерт пресекла едно јаболко на половина и го послужила со крем. И двете јаделе по една половина од истото јаболко.

    Но, нејзината пријателка била отруена, додека на домаќинката не ѝ било ништо.

    Како е можно?

    Одговор
  2. 2.

    Втор случај:

    Маж по име Том отишол на планинарење со неговиот пријател Крис и неговиот брат Ден. Следната недела полицијата го нашла безживотното тело на Том во шумата.

    Ден рекол дека работел цела недела откако се вратил, а Крис бил најден како талка по шумата и бил вратен во полициската станица. Тврдел дека 7 дена бил изгубен во шумата.

    Но, еден лаже. Кој?

    Одговор
  3. 3.

    Трет случај:

    Маж бил пронајден мртов среде шума покриена со снег. Единствените траги на местото биле стапалките помеѓу две паралелни линии.

    По кого треба да трага полицијата?

    Одговор
  4. 4.

    Четврт случај:

    Двајца пријатели биле на заедничко патување, но само еден од нив се вратил од патувањето, раскажувајќи дека другиот пријател се лизнал од карпа и загинал на самото место.

    По кратко истражување, му се јавиле на човекот кој се вратил со тврдење дека е уапсен поради убиство, откако ја контактирале нивната агенција преку која патувале.

    Како откриле?

    Одговор
  5. 5.

    Петти случај:

    На илустрацијата има две жени. Една од нив живеела во ужасна сиромаштија последните 10 години и штотуку убила човек за да ги исплати своите долгови.

    Може да откриете која?

    Одговор
  6. 6.

    Шести случај:

    Маж се буди од дводневна кома по сообраќајна незгода и пати од амнезија. Одеднаш, 2 жени пристигнуваат во болницата. Едната од нив вели дека му е сопруга, додека другата тврди дека имаат деца.

    Која лаже?

    Одговор

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: Како ја изразувате љубовта? Како наједноставно ја покажувате љубовта? Дали го правите тоа преку гестови, под...
Квиз: Што ви се јаде во моментов? Ви се јаде нешто во моментот, а не знаете што? Можеби не сте премногу гладни, но...
Квиз: Дали се заљубувате лесно? Имате срце од камен и тешко им се препуштате на чувствата или се заљубувате уште...
Квиз: Во која деценија сте требале да живеете? „ЕXIT фестивал“ или „Woodstock“? Гранџ или ретро мода? СМС или пораки на Вибер? ...
Квиз: Кое е ваше идеално место за летување? Париз, Цирих или Барселона? Море, планина или град кој не сте го посетиле претхо...
Квиз: Дали сте оптимист, идеалист или реалист? Дали сте позитивна личност која со многу еуфорија прифаќа сè, или гледате на раб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg