„Човечка“ храна која е штетна за вашето куче и со што да ја замените

Ако имате куче, сигурно зјапа во вас секогаш кога јадете. Кучињата, како и сите животни, едноставно уживаат во храната, па нормално одвреме-навреме да го израдувате миленикот со нешто од вашата чинија.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-01.jpg

Но дали секоја човечка храна е безбедна за вашето милениче?

Дигестивниот систем, но и целиот организам на кучињата е поразличен од оној на луѓето, па одредени намирници што се добри за вас, можат да му предизвикаат штета на вашето милениче.

Затоа, погледнете која човечка храна е штетна за вашето куче, и со што можете да ја замените:

Кокос

Воглавно, ако кучето јаде кокос, но ретко, не би требало да има проблеми. Но сепак, маслата во кокосот можат да предизвикаат проблеми со стомакот на кучето. Истовремено, кокосовата вода има премногу калиум, па не би било добро да му ја давате на миленикот.

Добра алтернатива за кокосот се плодовите од дрвото рогач. Тие се слатки и безбедни за кучето, а содржат и хранливи материи како витамини А, Б и Д, но и калциум, магнезиум, железо и протеини.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-02.jpg

Варени коски

Многу луѓе сметаат дека варените коски се одлична ужина за кучето, но подобро избегнувајте ги.

Причината е што варените коски се кршливи, а нивните остри рабови можат да ги повредат устата, јазикот и стомакот на кучето.

Ако вашето куче сака коски, подобро дајте му сурови. Сепак, земете му ја коската после 10-тина минути – кучето може да ја искрши и да се повреди.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-03.jpg

Јаткасти плодови

Најмногу треба да внимавате со оревите. Овие јатки можат да предизвикаат проблеми со дигестивниот систем на кучето. Другите јаткасти плодови можеби не се толку штетни, но ако имаат многу масти и масла можат да предизвикаат дијареја или повраќање.

Кикиритките и индиските ореви се релативно безбедни за кучињата, но давајте им ги што поретко.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-04.jpg

Авокадо

Авокадото содржи состојка која може да биде штетна за животните. Според ветеринарните, кучињата се поотпорни на оваа состојка од другите животни, но најдобро е целосно да го исфрлите авокадото од исхраната на вашето куче.

Подобро дајте му банана – овошје богато со калиум, магнезиум, хранливи влакна и витамини Б6 и Ц. Сепак, бидете умерени и со бананите, бидејќи содржат многу шеќер.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-05.jpg

Сурово месо

Суровото место не e опасно само за вашето куче, туку и за вас, најмногу поради бактеријата салмонела. Па, најдобро никогаш да не му давате сурово место на миленичето.

Готвеното место, од друга страна, е одлично за кучињата, сè додека нема коски.

chovechka-hrana-koja-e-shtetna-za-vasheto-kuche-i-so-shto-da-ja-zamenite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg