9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната)

Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намирници кои слободно можете да му ги давате на вашето куче.

9-namirnici-koi-mozete-da-im-gi-dadete-na-vaseto-kuce-banani-jajca-kompir-01.jpg

Нема потреба да го ограничувате вашето куче само на конзервирана или сува храна.

Можете слободно да му давате јаболко, компир, ананас, јајца или боровинки, кои се полни со витамини и влакна. Кога станува збор за количината, најдобро консултирајте се со ветеринар бидејќи секое куче има различни потреби.

Кучињата имаат различен метаболизам од нашиот и не секоја „човечка“ храна е погодна за нив.

Но, без проблем можете да им ги давате следните намирници:

Јаболка

Тие се безбедни за кучињата и се полни со влакна, минерали и витамини, кои помагаат при здраво функционирање на метаболизмот.

Кога му давате јаболка на кучето, извадете ги семките.

Јајца

Јајцата се безбедна храна за кучињата ако се целосно сварени или испржени. Секако, без никакви додатоци како сол и зачини.

9 namirnici koi mozete da mu gi dadete na vaseto kuce 01

Природен путер од кикиритки

Природен путер од кикиритки е извор на протеини и витамин Б. Важно е путерот да не биде солен.

Лубеница

За летните денови, лубеницата е одлична ужина за кучињата.

Црвениот дел од лубеницата содржи многу витамини, особено Ц, но кората и семките можат да бидат опасни, па извадете ги.

9 namirnici koi mozete da mu gi dadete na vaseto kuce 02

Банани

Бананите се богати со влакна и сосема се безбедни за кучињата. Можете да им дадете неколку парчиња или да испасирте една банана и да ја измешате со неговата храна.

Пченка

Можете да им давате варена или печена пченка на кучињата, без додатоци како сол.

Некои уживаат да грицкаат и замрзната пченка, но во овој случај внимавајте на кучето за да не се задави од цврстите зрна.

Свеж ананас

Додека го служите во мали количини, ананасот е хранлива ужина за кучињата.

Но, бидете умерени - премногу ананас може да предизвика гадење и дијареја.

9 namirnici koi mozete da mu gi dadete na vaseto kuce 03

Боровинки

Боровинките се, всушност, многу здрави за кучињата, бидејќи имаат малку калории и се полни со витамини.

Компир

Важно е компирот да биде варен или печен. Полн е со витамини и влакна, само внимавајте да не биде солен или зачинет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои мора да ги имате предвид пред да вдомите куче (за да не го напуштите по неколку месеци) Неочекувана дијагноза со скап третман, гласно лаење, влакна низ домот – сето ова...
14 фото-докази дека две мачки се подобри од една Ако чувате мачка, знаете колку тоа може да е и стресно и забавно. Но, како изгле...
18 слатки и смешни фотки поради кои ќе посакате да чувате куче „Секогаш кога ќе ја стави главата во кантата за ѓубре, капакот му се заглавува о...
Позитива на денот: Пред и потоа фотки од улични кучиња кои си нашле свој дом Кученце кое едвај преживеало удар од автомобил, куче кое било фрлено на улица – ...
Ветеринар од Битола, по немила случка со куче (2) од раса бишон, со апел: „Сувото грозје е токсично ... „При јадење и на мала количина на суво грозје кучето треба веднаш да се однесе н...
7 забавни факти за октоподите – имаат сина крв и три срца Од неверојатна интелигенција (можат да отвораат дури и тегли) до способност за к...

Најчитани неделава