„Прва помош” за невести: Работи кои треба да ги понесете на свадба

Свадбените церемонии почнуваат многу рано и траат во текот на целиот ден, токму и затоа невестите треба да бидат подготвени да се соочат со сите непредвидливи проблеми...

prva-pomos-za-nevesti-raboti-koi-treba-da-gi-ponesete-na-svadba-1

Фризурата може да се расипе, нозете да ве заболат или да ви се скрши нокт, затоа однапред подгответе си сет за „прва помош” и набавете ги овие работи кои се неопходни за вашиот голем ден:

Хартиени и влажни марамчиња

Замолете ги пријателките или некој од семејството со нив да земат влажни марамчиња, тие ќе ви помогнат да се освежите за миг. Најдобро е да одберете марамчиња со алое вера или алкохол.


Огледалце

Сите очи се кон вас, па затоа редовно проверувајте си ја косата и шминката. Имајте предвид дека туѓ кармин може да се најде на вашиот образ, затоа понесете си огледалце.


Мини дезодоранс и парфем

Една од овие две работи задолжително мора да си ја понесете со вас, за да го обновите парфемот односно дезодорансот и да се чувствувате пријатно.


Лабело, кармин, сјај за усни...

Кармините не издржуваат долго, затоа понесете си барем една од овие три работи и блескајте во текот на целиот ден.


Коректор

Може да се случи шминката да се размачка или да излезе некоја мозолка, што е нормално бидејќи деновите пред свадбата се многу стресни. Затоа, земете си коректор и во секој миг покријте ги недостатоците.


Лак или гел за коса

За секое влакненце да биде на своето место и за фризурата да издржи, испрскајте ја со лак за коса или ставете и малку гел.


Грицкалка или турпија за нокти

Ако се случи да ви пукне ноктот, со вашиот сет за прва помош брзо ќе го решите проблемот. Скршениот нокт може да ви го одземе целото внимание и уживање. Не дозволувајте го тоа.


Ханзапласт

Сигурно си купивте нови штикли, а уште посигурно е дека тие и баш не ви се удобни. Понесете си ханзапласт за секој случај.


Резерва шминка

Ако не сте сигурни дали шминката ќе ви издржи во текот на целиот ден тогаш понесете си маскара, моливче за очи, руменило и пудра.


Балетанки

Не заборавајте да си понесете балетанки или некои ниски летни сандали, бидејќи веселбата не смее да запре само затоа што штиклите не ви се удобни.

Како невеста треба да уживате на свадбата, затоа замолете ги најблиските да понесат некоја од овие работи со себе за да бидете сигурни дека ќе можете целосно да се опуштите. 

Би можело да ве интересира:

Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за ед...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...
Идеи за невестински комбинезони за дамите кои не сакаат класични венчаници (фото) Ако ви се допаѓа идејата да носите комбинезон на вашата свадбена весел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg