Водич за идни невести: Сè што ви е потребно за да организирате свадба за 1 месец

Време е за вашата свадба од соништата? Но, дали ќе стигнам да подготвам се за еден месец? Еуфорија на ниво, обврски еден тон. Од каде да започнам? Што да резервирам? Колку пари ми се потребни? Кога да доставам список на гости? Каков фустан, нокти, бидермаер, китенки?

vodich-za-idni-nevesti-se-shto-vi-e-potrebno-za-da-organizirate-svadba-za-1-mesec-01.jpg

Не очајувајте, со правилна организација сè ќе биде подготвено на време.

Планер или бележник на свадбени активности

Оваа алатка која може да биде и онлајн апликација ќе ви биде водилка и потсетник за сите обврски, ќе ви дава ориентација за да знаете до каде сте, па и убав потсетник за во иднина кога ќе се присеќавате на овие слатки „маки“.

Музика и простор

Кога станува збор за свадби кои се планираат за кратко време, не оставајте на случајности.

Ако имате фаворит локација за вашата прослава, веднаш букирајте ја прославата и побарајте музика која ќе биде достапна за вашиот термин. Однапред имајте предвид дека ретко каде ќе најдете достапно место за толку брзо време, но кој бара - секогаш наоѓа.

Секако, исто така имајте предвид дека цената на просторот варира многу, во зависност дали вашата свадба ќе биде во работен ден или за викенд.

Совет 1: Одберете музика за ваш вкус, не се водете по желбите на гостите. Оние кои се расположени, секако ќего поминат времето на подиумот, веселејќи се заедно со вас.

Совет 2: Одберете ресторан кој може да претрпи и временски непогоди, како не би биле под стрес дали ќе ви се уништи свадбата доколку ви се погоди врнежлив ден.

Исто така, добро е локацијата да има паркинг, за гостите да бидат комотни при пристигнувањето и да не мора да платат многу пари за паркинг услуга од 4-6 часа, колку што трае веселбата.

kako-da-podgotvis-svadba-za-eden-mesec-02.jpg

Потребни документи за матично и црква

Доколку вашата свадба подразбира и склучување граѓански брак, треба да аплицирате за нови изводи од матична книга на родените, а потоа и да закажете термин за венчавање.

Ако сакате матичарот да дојде во ресторанот, ќе треба да ги поднесете сите барани документи до општината во која се наоѓа вашиот ресторан. 

Откако ќе добиете потврда за закажан термин за граѓанска венчавка, ќе може да закажете и црква. За оваа цел главен предуслов е да бидете крстени вие и вашиот партнер, кумот и старосватот/ицата.

Кумови и старосватови

Одберете ги најдрагите луѓе и доделете им ги овие титули. Со мало внимание, подарок или гест поканете ги да ги споделат вашите најубави моменти, кои ќе создадат посебна врска меѓу вас која ќе трае цел живот. 

vodich-za-idni-nevesti-se-shto-vi-e-potrebno-za-da-organizirate-svadba-za-1-mesec-022.jpg

Покани за свадба

Овој момент може да биде исцрпувачки и долг процес.

Не се оптоварувајте со тоа кого ќе поканите. Одберете ги вистинските луѓе кои сакате да ги видите до вас тој ден.

Бидете практични и во оваа дигитална доба, направете ги вашите покани во електронска форма, како слика или видео. На тој начин, секој ќе ја добие својата покана на време, и ќе може да се организира за да присуствува на венчавката.

За постарите гости направете печатена верзија на покана и дајте задача на вашите родители да ги поканат гостите.

Избор на венчаница

Изборот е преголем, а верувам и вашата замисла ви е веќе во глава. Со оглед на тоа што времето е кратко, најдобрата одлука е да прошетате низ град и да си купите готов модел на кој нема да бидат потребни многу корекции.

Изнајмувањето на венчаница е сè повеќе ИН бидејќи изборот е преголем, а воедно ќе заштедите доста пари. Секако, најважното е дека нема да ви зафаќа непотребно место во гардероберот со години подоцна.

vodich-za-idni-nevesti-se-shto-vi-e-potrebno-za-da-organizirate-svadba-za-1-mesec-031.jpg

Помош од најблиските

Секоја невеста има концепт во главата како сака да изгледа секој детаљ од свадбата, па затоа распределете обврски на најблиските како би добиле на време.

Избор на украсувањето, декоративното венче за на врата, китенките и бидермаерот нарачајте ги од едно исто место. Доколку сакате сами да ги изработите овие детали, ќе ви биде потребно многу повеќе време.

Со време закажете термин за козметичар, фризура и шминка. Најубаво е да си одберете слика според која сакате да бидете средени.

kako-da-podgotvis-svadba-za-eden-mesec-03.jpg

Фотосесија

Не штедете пари кога станува збор за убава фотографија. Спомените бледеат, а фотографиите остануваат за цел живот.

Изнајмете камерман и фотограф кои ќе ги снимат сите важни моменти и луѓе кои ќе бидат на свадбата.

Особено постарите роднини и пријатели кои најчесто ги поминуваат моментите на свадбените маси. И тие се важни гости кои дошле да ја споделат среќата со вас.

Список на гости

Ова е списокот кој секогаш трпи најмногу измени до последен момент. Договорете сѐ со ресторанот за одреден број на флексибилни места за седење како не би биле под притисок цело време.

На поканите обележете потврда за присуство за да имате предвид која бројка на гости да ја очекувате.

vodich-za-idni-nevesti-se-shto-vi-e-potrebno-za-da-organizirate-svadba-za-1-mesec-14.jpg

Временска рамка

Доколку предвидовте целодневна свадба со традиционални обичаи, тогаш започнете го случувањето некаде околу ручек време (14-15 часот), како би можеле да не ви биде на брзање утринската подготовка.

Најмалку што ви треба е стрес и непотребно доцнење. Потребно е да бидете одморени, наспани и свежи за да го издржите денот.

Направете мала пауза помеѓу формалното венчавање и ресторанот како би можеле да земете здив вие и вашите гости. Тоа време најчесто се користи и за свадбена фотосесија доколку не сте ја направиле однапред.

Не се преоптоварувајте со сѐ

Да, ова е можеби и најголемиот притисок за една невеста. Сѐ да биде под конец и сите да си поминат убаво.

Да не се лажеме, секогаш ќе се најде нечиј коментар или забелешка која нема да ви се допадне, но тоа е ваш ден, ваш избор и денот кога треба да бидете најсреќни. Затоа фокусирајте се на убавините кои следуваат, бидете релаксирани и искористете ги моментите кои ќе ги паметите целиот живот.

kako-da-podgotvis-svadba-za-eden-mesec-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе н...
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
Девојка ја прекроила венчаницата која на свадба ја носеле мајка ѝ и баба ѝ - ја расплака баба си (ви... Баба ѝ и мајка ѝ го носеле овој фустан на нивната свадба, а Британи сега го носи...
Немало луксуз и веселби со 500 гости - Како изгледале свадбите во Југославија? Свадбите во Југославија биле скромни, во кругот на семејството, без гламурозна о...
5 предлози за невестински маникир кои ќе бидат хит во 2024-та Светло розовите нокти се женствени и ќе бидат популарен избор во 2024&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg