Елегантни, модерни, посебни: Црни торти за свадба
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Елегантни, модерни, посебни: Црни торти за свадба

Кој вели дека свадбените торти мора да бидат бели? Доколку сакате нешто поразлично, тогаш тортата со темна боја може да биде фантастичен избор.

elegantni-moderni-posebni-crni-torti-za-svadba-1.jpg

Кога се венчавките во прашање, тортата е вистинска ѕвезда на церемонијата.

Белите свадбени торти се безвременски и никогаш нема да излезат да мода, а мнозинството љубовни парови се држат до оваа традиционална боја.

Но, ако сте во потрага по нешто поинакви идеи, односно сакате торта која повеќе ќе соодветствува на вашиот стил и вкус, тогаш црната торта може да биде токму тоа што го барате.

Иако белата торта е „кралица на венчавките“, многу слаткари изработуваат и свадбени торти во темни нијанси, користејќи поразлични техники за украсување и финиширање, а резултатот се елегантни и модерни торти кои со задоволство би ги испробале.

Покрај тоа што изгледаат стилски и префинето, црните торти се и детаљ кој вашите гости сигурно нема да го заборават. Темната глазура, рачно обоена со злато и со геометриски облици, може да изгледа спектакуларно.

Да или не? Погледнете ги фотките пред да донесете заклучоци:

 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Безвременска класика: Свадбени трендови кои секогаш ќе бидат во мода Како што се менува модата, убавината и сè што нè опкружува од ден на ден, така с...
За фенси венчавка: 7 свадбени трендови кои ќе ja обележат 2018 година Масата со десерти, висечките цветни аранжмани, како и тортите во боја, претставу...
Ова се хит боите за свадбените прослави во есен 2017 Мистична венчавка со боите на бакарот и старото злато или пак романтична бајка с...

Најчитани неделава