Елегантни, модерни, посебни: Црни торти за свадба

Кој вели дека свадбените торти мора да бидат бели? Доколку сакате нешто поразлично, тогаш тортата со темна боја може да биде фантастичен избор.

elegantni-moderni-posebni-crni-torti-za-svadba-1.jpg

Кога се венчавките во прашање, тортата е вистинска ѕвезда на церемонијата.

Белите свадбени торти се безвременски и никогаш нема да излезат да мода, а мнозинството љубовни парови се држат до оваа традиционална боја.

Но, ако сте во потрага по нешто поинакви идеи, односно сакате торта која повеќе ќе соодветствува на вашиот стил и вкус, тогаш црната торта може да биде токму тоа што го барате.

Иако белата торта е „кралица на венчавките“, многу слаткари изработуваат и свадбени торти во темни нијанси, користејќи поразлични техники за украсување и финиширање, а резултатот се елегантни и модерни торти кои со задоволство би ги испробале.

Покрај тоа што изгледаат стилски и префинето, црните торти се и детаљ кој вашите гости сигурно нема да го заборават. Темната глазура, рачно обоена со злато и со геометриски облици, може да изгледа спектакуларно.

Да или не? Погледнете ги фотките пред да донесете заклучоци:

 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит тренд за свадби во 2026: Торта на која младоженците редат шумско овошје и шеќер во прав (фото+ви... Сигурно веќе сте виделе свадби на кои младоженците сами редат шумско овошје на б...
Двете свадбени прослави на Иво и Настасја од Скопје - сицилијанска бајка во Сули Ан, па во ресторан ... „Сули Ан го претворивме во сицилијанска бајка: маси со златни детали, свежи цвеќ...

Најчитани неделава