Пар стана вирален хит - Свадбената фотосесија ја направиле во продавницата каде што се запознале (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Пар стана вирален хит - Свадбената фотосесија ја направиле во продавницата каде што се запознале (фото)

Со парче пица во рака, качени во количка за пазарување – фотките на парот кој свадбената фотосесија ја направил во продавницата каде што се запознале, станаа вирален хит.

par-stana-viralen-hit-svadbena-fotosesija-ja-napravile-vo-prodavnicata-kade-shto-se-zapoznale-foto-01.jpg

Наместо на плоштад, во парк или елитни ресторани, овој пар решил да се врати на местото каде што се запознале за да ја направат свадбената фотосесија опуштена и откачена, а истовремено романтична.

Џесика и Брендон Браун се запознале во Costco во 2017-та, а еден месец откако се венчале решиле токму таму да ја направат свадбената фотосесија.

par-napravil-svadbena-fotosesija-vo-prodavnicata-kade-shto-se-zapoznale-03.jpg

Во 2017-та, Џесика пазарувала со својата цимерка и се мислела дали да купи кутии „mac and cheese“, дебатирајќи дека посакува тоа да беше здрава храна, добра за телото.

Брендон го наслушнал разговорот и ѝ рекол „Добри се за тебе. Има кашкавал и плус се од Costco“, со што ја охрабрил и насмеал.

Тие си ги размениле броевите, а првиот состанок го имале 3 месеци подоцна во локален ресторан, каде поминало часови разговарајќи и гледајќи спортови на телевизија, па така започнала нивната романса. 

par-napravil-svadbena-fotosesija-vo-prodavnicata-kade-shto-se-zapoznale-02.jpg

Парот се венчал во мај, а церемонијата се одржувала на плажа во Хонолулу. Еден месец по свадбата, тие се вратиле во Costco во чест на нивното запознавање и почетокот на љубовта и таму ја направиле свадбената фотосесија.

Тие позирале со парче пица и во делот за „mac and cheese“, каде што всушност се запознале, а на официјалната Фејсбук страна на Costco беа споделени нивните фотки, па приказната вирално се рашири.

Nothing says love quite like mac and cheese. For Jessica and Brandon, it brought them together. The now-married couple...

Posted by Costco on Friday, 12 July 2019

Луѓето ги обожаваат за генијалната идеја и стекнаа огромна популарност, иако не го очекувале тоа, но сметаат дека нивната смисла за хумор и опуштеност е она што придонесува за успех во врските.

Погледнете ја целата фотосесија:

 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пар ќе настрадаше во несреќа кај водопад пред запросувањето Наместо планираното романтично запросување пред водопадите, тие имале адреналинс...
Непосакувани гости, фрлање пари за покани: Работи за кои паровите најм... Свадбата важи за еден од најголемите и најважните денови кои младенците треба да...
Невеста потрошила многу пари, па бара цвеќарот да ѝ работи гратис за с... „Потрошив многу пари за мојата свадба, ќе може ли ти да ми работиш гратис?“ - др...