Невеста ѝ забранила на старосватицата да се шминка и да прави фризура за да не ја „засени“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Невеста ѝ забранила на старосватицата да се шминка и да прави фризура за да не ја „засени“

„Не ставај шминка и не прави фризура, тоа е мој ден, не треба да ме засениш“ – би ѝ кажале ли вие вака на вашата пријателка кога ќе бидете невеста?

nevesta-i-zabranila-na-starosvaticata-da-se-shminka-i-da-pravi-frizura-za-da-ne-ja-zaseni-01.jpg

На социјалните мрежи постојано кружат приказни за невести кои се претвораат во „монструми“ и имаат нереални барања од своите најблиски.

Последно, се појави „скриншот“ од преписка помеѓу две пријателки, во која невестата индиректно ѝ забранува на старосватицата да се нашминка и да си направи фризура за свадбата:

-Може ли да те замолам за услуга?
Не сакам да звучам чудно, но ќе може ли да не се шминкаш за мојата свадба?

-Зошто? И онака не ставам многу шминка, но нели сите ќе се шминкаат?

-Да, но не сакам да ме засениш. Немој да правиш ниту фризура.

-Значи сакаш да одам формално облечена со природна фризура и без шминка?

-Да, те молам. Во ред ли си со тоа? Бидејќи тоа треба да биде мој ден и не сакам никој да изгледа подобро...

nevesta-i-zabranila-na-starosvaticata-da-se-shminka-i-da-pravi-frizura-za-da-ne-ja-zaseni-02.jpg

Членовите од групата за исмејување свадби и невести, велат дека старосватицата треба тоа да го сфати како комплимент, а невестата ја нарекуваат ултра несамоуверена.

Што мислите за овие невести? Ви го направил ли некој ова вам? Или можеби, вие на некого...?

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Невеста сака да ја замени деверицата бидејќи не ослабела до свадбата Невестата што ѝ врши притисок на својата тазе породена пријателка стана вирален ...
Невеста потрошила многу пари, па бара цвеќарот да ѝ работи гратис за свадбата „Потрошив многу пари за мојата свадба, ќе може ли ти да ми работиш гратис?“ - др...
Невеста во црно, темни декорации – инспирација за сите кои не сакаат клише бела свадба (фото) Графичка дизајнерка ги инспирира сите кои не сакаат бели свадби – облечена е во ...