Како да одговорите на најтешките прашања на интервју за работа?

kako-da-odgovorite-na-najteskite-prasanja-na-intervju-za-rabota-povekjeВо текот на разговорот за работа ќе Ви бидат поставени неколку прашања. Целта на тие прашања е да се одреди какви се Вашите способности, што...


...најмногу Ве мотивира, кои се Вашите цели за во иднина и како реагирате во одредени ситуации. Врз основа на дадените одговори се оценува дали сте најдобриот кандидат за работното место.

При одговарањето на прашањата најважно е да одговарате кратко, концизно и конкретно. Она што ќе Ве прашаат, тоа одговорете го. Нема потреба да давате дополнителни информации, или да раскажувате непотребни работи, односно детали за кои не сте биле прашани. Одговорите  на прашањата не треба да бидат општи. Ако Ве прашуваат да им кажете пример на стресна ситуација и како сте реагирале во неа, одговорете на пример и што сте направиле, а не општо како реагирате во стресни ситуации.

Низ истражувањата е докажано дека оној што го води разговорот е најчесто многу повеќе под стрес и е повозбуден од самите кандидати. Ова е поради тоа што избирањето на најдобриот кандидат не е лесна работа: ако погрешите тоа значи загуба на време и пари. Освен тоа, за да се подготвите за разговорот да го водите на начин што ќе Ви овозможи да го изберете најдобриот кандидат, треба да најдете доволно време за подготовка на прашањата, за читање на CV-ата, за одржување на разговорите, а сето тоа го правите покрај редовните задолженија. Стресно, нели?

Луѓето коишто се под стрес може да не Ве слушнат најдобро, односно до нив да не допре јасно и точно пораката што сакате да ја пренесете. За ваквите недоразбирања и недокажаности да ги сведете на минимум, обрнете внимание на следниве работи:

  • Добро размислете пред да кажете нешто. Сконцентрирајте се неколку секунди, промислете го одговорот во главата, па потоа кратко и по логичен редослед дајте го одговорот.
  • Не зборувајте предолго. Луѓето губат интерес и се исклучуваат, па иако ќе кажете се што треба да кажете, ако тоа не е кажано веднаш и јасно, ќе се загуби во купот на информации и податоци што ги давате и нема да биде чуено и примено.
  • Веднаш преминете на главното. Тоа што Ве прашале – тоа одговорете го!
  • Ако Ви постават повеќе прашања одеднаш, речете им дека ќе одговорите прво на првото прашање, а потоа ќе ги замолите да Ви ги постават другите
  • Не давајте информации и објаснувања што не Ви биле побарани
  • Никогаш не треба да кажете ништо негативно за претходните работодавци, дури и навистина да биле одвратни
  • Не кажувајте вицови, не зборувајте за религија и политика. Не знаете кого можете да навредите со вакви теми

Во текот на разговорот ќе Ви бидат поставени прашања со кои од Вас се бара да опишете некоја ситуација и како сте ја решиле. За овие прашања треба да примените посебна техника на одговарање којашто се нарекува СДР – Ситуација – Дејство – Резултат. Токму по овој редослед треба да го склопите одговорот на прашањето. Значи, прво треба накратко да ја опишете ситуацијата, потоа да кажете какво дејство сте презеле, односно што сте направиле. Додека го одговарате прашањето, ако е можно, илустрирајте со некоја бројка, на пример колку судски одлуки сте правеле, за колку учесници сте организирале обука, конференција, со колку клиенти сте работеле итн. Бројките им кажуваат на работодавците какви се Вашите способности, во каква средина сте работеле и колкаво Ви било нивото на одговорност.

Пример на СДР одговор на прашањето „Дајте ми пример кога сте повеле иницијатива за некој проблем и како истиот бил решен“

Ситуација: Додека работев на Проектот за трговско право во Македонија се сретнував со многу преводи на македонски закони на англиски. Еден од нив беше и преводот за Законот за трговски друштва, кој беше многу лош. Увидов дека преводот не им користи многу на странските инвеститори, дека е неразбирлив и многу често се обраќаа до нас за толкување на преводот, односно за преведување на одредени членови.

Дејство: Му предложив на директорот на Проектот да правиме тим што ќе работи на превод на Законот. Во консултација со раководителката на финансии добив информација дека имаме одредена заштеда на средствата коишто би можеле да ги искористиме за најмување на двајцата надворешни преведувачи. Предложив јас да водам тим од 5 преведувачи (двајца надворешни и тројца вработени на Проектот) кои за шест месеци ќе го преведат законот.

Резултат: Идејата беше прифатена, Законот го преведовме и откако беше редактиран од македонски и американски правници стана достапен за сите заинтересирани страни. Кога почна да се користи добивавме само пофални зборови од сите страни за јасноста и точноста на преводот.

Автор: Ангела Костова Трпеска (Т-Мобиле Македонија),

HR професионалец со огромно искуство во областа на менаџирање на човечкиот капитал и развој на тренинг програми за специфични потреби.

Предавач на конференцијата „Како да се вработите во мултинационална компанија“ во организација на Triple S Group.

Би можело да ве интересира:

Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg