„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“

„Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорности и мислам дека целиот товар го префрлив на рамениците на сопругот. Колку мојата среќа вреди за тоа? Тешко ми е и ме прогонува вината дека сум себична...“, вели Џема Хартли oд САД.

mojata-rabota-ne-mi-gi-plakja-smetkite-dali-toa-me-pravi-losha-majka-01.jpg

Авторката и соработничка на магазинот Insider, Џема Хартли од САД, отворено говори за своите избори на поле кариера, а нејзината исповед сигурно ќе поттикне многу жени на размислување.

Нејзината приказна гласи:

„Никогаш не замислував дека на 34 години ќе работам работа со која ќе заработувам толку малку што нема да можам ниту да ги плаќам сметките за моето семејство.

Иако сметам дека нема ништо лошо да се работи за плата, јас сфатив дека тоа не е за мене.
Имав таква работа, која беше безбедна и редовно платена, но мора да признаам дека бавно ме убиваше. Затоа одлучив да си дадам отказ и да го следам својот сон да станам автор.

Обожавам да пишувам, тоа ме прави среќна и е единствената работа за која знам дека сум добра и на која би ѝ го посветила животот без каење.

Следење на својата страст е тоа што е важно во животот, зарем не?
Единствениот проблем е што пишувањето не ги плаќа сметките секогаш.

И на дел од мене му олесни кога дадов отказ и сега сум потпрена само на пишувањето, но ова е вистински ролеркостер затоа што приходот ми е несигурен.

Да, јас ќе работам напорно, но тоа никогаш не ми гарантира успех.
И проблемот е што оваа одлука не влијаеше само на мене, туку и на луѓето со кои го споделувам животот.

Уште откако му ја соопштив одлуката на сопругот, тој ми беше поддршка, но сепак еден глас во главата ми вели дека сум нефер кон него.
Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорности и мислам дека целиот товар го префрлив на рамениците на сопругот. Колку мојата среќа вреди за тоа?

Ни се намали и буџетот за одмор и децата нема да можат да одат на толку воншколски активности, зарем можам да барам од другите да ги жртвуваат своите соништа во име на мојот?
Тешко ми е и ме прогонува вината дека сум себична. Цел живот ме воспитуваат дека треба да ги оставам моите соништа на страна за да бидам добра сопруга и мајка.

Израсната сум во општество кое ми вели дека моите потреби вредат помалку од потребите на тие околу мене.
Но, сепак јас ќе верувам дека сум вредна доволно за да се потрудам да бидам среќна. Знам дека несреќата од старата работа ќе ме чинеше многу повеќе од овој ризик сега.

Затоа избирам да верувам во себе како што мојот сопруг верува во мене, колку и да звучи себично тоа во моментот.

И на крај, знам дека ценењето на моите потреби е нешто кое не сакам да им го покажам само на децата и сопругот, туку и на светот“.

View this post on Instagram

A post shared by Gemma Hartley | Writing Coach (@gemmalhartley)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg