7 дневни рутини на успешните луѓе

Вечна енигма ни се навиките и рутините на познатите автори, актери, успешни менаџери и високо платени агенти, кои всушност ги довеле до позицијата која ја уживаат.

7-dnevni-rutini-na-uspesnite-luge-01

Дали само се родиле под среќна ѕвезда или постои тајна за успешност?

Да, има и такви кои се родиле со милиони во џебовите, но сè почести се успешните личности кои не сонуваат, туку го заработуваат својот успех.

Се прашувате кои се нивните тајни? Постојат само 7 дневни рутини, како што тие самите ги нарекуваат.

1. Секое утро вежбаат / Активни се

Успешните луѓе не го започнуваат денот мрзоволно, туку го зајакнуваат и подготвуваат своето тело за целодневните активности. Најголема грешка ви е тоа што мислите дека наутро губите повеќе енергија со вежбање, отколку што ја стекнувате. Затоа, променете ги мислите и променете си го животот уште денес.

2. Го планираат својот ден додека уште не започнал

Богатите и успешни луѓе го ценат времето кое го имаат на располагање и го планираат за да го извлечат максимумот од него. Секој чекор им е исполнет со нова мисла, затоа што сметаат дека планирањето е клучот на успехот.

3. Ги извршуваат важните задачи рано наутро

Успешните луѓе најпрво ги завршуваат важните обврски и се држат до правилото 80:20. Што значи - 80% работа, 20% релаксација.

7-dnevni-rutini-na-uspesnite-luge-02

4. Ризикуваат

Секој ден влегуваат во нов ризик, без кој знаат дека успехот би бил невозможен. Удобноста и сигурноста не носат предизвици, а без предизвици успехот е невозможен.

5. Преземаат одговорност за своите постапки

Тие стојат зад своите одлуки, колку и да се погрешни. Никогаш не бараат изговори и не ги обвинуваат другите. Не бараат оправдувања зошто не се среќни, успешни или слаби, туку самите управуваат со својата судбина.

6. Читаат 30-60 минути дневно

И не, не се мисли на превод од филм. Светски познатите луѓе секојдневно се надградуваат. Наместо со серии, тие својот ум го хранат со книжевни наслови.

7. Благодарни се

Секоја вечер, кога го резимираат својот ден, размислуваат за успешните и добри моменти кои им се случиле. Благодарни се и полни со живот!

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg