Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 сигурни сигнали дека ви се заканува отказ

Некои луѓе ја работат работата од своите соништа и добро го запотиле задникот за да стигнат до позицијата на која се. Но, во тој свет владеат сурови и понекогаш неправедни конкуренти и шефови, па притисокот да се задржи работата е огромен.

4-sigurni-signali-deka-vi-se-zakanuva-otkazno-resenie-01.jpg

Еве во кои ситуации може да ви се заканува отказно решение, според овие 4 скоро непогрешливи сигнали:

Шефот бара сè на писмено или по мејл

Комуникацијата порано се одвиваше на повеќе начини, а во последно време шефот инсистира преписките да се одвиваат само службено и исклучиво на писмено. Забележувате дека секогаш има уште неколку луѓе наведени во мејловите кои будно ја следат вашата комуникација. Генерално, кога шефовите се толку внимателни или се благо параноични или ве следат одблиску со цел да ја „уловат“ вашата најмала грешка која ќе даде мотив за отказно решение.

Не ве вклучуваат во проекти или ве отстрануваат од истите

Бевте дел од тимот за одреден проект и одеднаш ви пристигна известување дека повеќе не сте дел од реализација на истиот. Никој не ве вклучува ниту во наредните проекти. Ова е јасен знак дека компанијата полека се подготвува за вашето заминување. Побарајте објаснување со позитивен и конструктивен пристап зошто се случува ова и како може да се подобри несаканата ситуација.

Вашето оценување е прилично незадоволително

Оценките или извештајот кој го поднесуваат вашите надредени драстично се разликува од оние пред неколку години. Што се промени? Скоро никој нема пофални зборови за вашата работа, ниту никакви препораки за напредување. Ова е и повеќе од јасен сигнал дека вашето присуство станува излишно и наскоро ќе бидете заменети.

Колегите се однесуваат чудно и молчаливо покрај вас

Влегувате во просторијата и одеднаш разговорот замира. Имате чувство дека колегите ве одбегнуваат, дека им е непријатно во вашата близина. Ве изоставаат од нивните собиранки – социјално-друштвени или службени. Можно е неколкумина од нив да го претчувствуваат вашиот отказ или да знаат некоја информација повеќе, па едноставно не сакаат да си создаваат непријатни и конфликтни ситуации.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Најдобрите менаџери водат со пример (работат рамо до рамо со вработените) Голем дел од незадоволството на работното место треба да им се припише на менаџе...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg